Револуцијата на каранфилите (), познат и како 25 април ( ), е државен удар од 25 април 1974 година во Лисабон кога без крвопролевање бил соборен авторитарниот режим Нова Држава на чело со Марселo Каитано. Револуцијата предизвикала длабоки социјални, економски, територијални, демографски и политички промени во Португалија и нејзините прекуокеански колонии. Со неа започнал процесот на португалска транзиција кон демократија и се ставил крај на Португалската колонијална војна.
Револуцијата била организирана од Движењето на капетаните (), составено од воени офицери кои биле против режимот.
Револуцијата на каранфилите своето име го добила поради фактот што речиси и бил испукан ниеден куршум, а Селесте Каеиро им нудела каранфили на војниците откако населението излегло на улиците за да го прослави крајот на диктатурата. Другите демонстранти го следеле примерот и каранфилите биле ставени во цевките на пушките и на униформите на војниците. Во Португалија, 25 април е државен празник (, Ден на слободата) со кој се одбележува револуцијата.
Причини за револуцијата Во 1973 година, Португалија била најсиромашна земја во Западна Европа, рангирана на 39-то место според животниот стандард. Протекционистичката политика на режимите на Антонио де Оливеира Салазар и Марсело Каетано половина век не можела да ја извади земјата од групата на економско заостанати аграрни европски држави. Сепак, и во земјоделството механизацијата била на многу ниско ниво, а производството стагнирало. На пример, приносите на жито биле 5 пати помали отколку во Западна Европа. Селското население било речиси целосно неписмено.
Земјата најчесто ги увезувала индустриските производи, а извезувала земјоделски производи. Португалија немала сопствено индустриско производство, иако располагала со суровини за такво производство во своите африкански колонии. Владата претпочитала да ги испраќа суровините во странство без да инвестира во развојот на земјата.
Но, трговијата со суровини, преку која португалската влада сакала да обезбеди мир за земјата, била отежната откако започнала герилската војна против матичната земја во африканските колонии (Ангола, Мозамбик , Португалска Гвинеја, итн). Огромните воени трошоци само ја влошиле положбата на Португалија. Последните политички аргументи на режимот на Каетано биле „борба против комунизмот во колониите“ и „атлантска солидарност“ во НАТО, преку кои тој се обидел да привлече воена и економска помош.
Меѓутоа, во 1973 одливот на капитал од Португалија зел замав. Тогаш воопшто не се инвестирало во економијата, а во странство се одлеале 1,4 милијарди ескуда. Премиерот Каетано проблемот се обидел да го реши преку забрана за објавување на таквата статистика.
Во меѓувреме, политичкиот систем во земјата не го одразувало расположението на општеството, спектарот на политички ставови и внимателно го изолирало населението од управувањето со земјата. Под вакви услови, во Португалија илегално почнале да се шират радикални политички ставови, од нацизмот на Хитлер до теориите на Мао Це Тунг. Марксизмот и социјалистичкото учење навлегле дури и во самиот столб на режимот, офицерскиот кор и во голем дел од владата.A direita radical na Universidade de Coimbra (1945–1974) , MARCHI, Riccardo. A direita radical na Universidade de Coimbra (1945–1974). Anál. Social, July 2008, nº 188, pp. 551–576. ISSN 0003-2573.
Тек на настаните „Револуцијата на каранфилите“ била подготвена и спроведена од „ Движењето на капетаните“, кое го обединило оној дел од португалскиот офицерски корпус кој бил незадоволен од режимот на Марсело Каетано, војната во Африка и социјалната положба во земјата. Револуцијата името го добила по гестот на Селесте Сеирос, жителка на Лисабон, продавачка во стоковна куќа, откако на 25 април 1974 година, ставила каранфил во цевката од пушката на војникот. Било сезона на каранфили, а по нејзиниот пример и другите граѓани почнале масовно да им делат црвени каранфили на војниците.
Откако единственото опозициско движење во земјата (Демократската изборна комисија) одбила да учествува на парламентарните избори на 28 октомври 1973 година, на Централниот комитет на „Движењето на капетаните“, му била доверена задача да ја истражат можноста за државен удар, во јануари 1974 година, и им наложил на полковникот Васко Гончалвес, мајорите Мел Антуниш и Витор Алвеш да развијат политичка програма на движењето. Артилерискиот капетан Отел Сараива ди Карваљо имал задача да развие воен план за револуцијата.Ермаков В., Поляковский В. «Перекрёстки португальской революции» / М., 1978 — С. 50.
Подготовка за државен удар Офицерите на копнените сили кои го подготвувале воениот удар првенствено се потпирале на воените единици под нивна команда. Подоцна се покажало дека идеите на „Движењето на капетаните“ имаат поддршка во морнарицата и во авијацијата. Прогласот кој циркулирал во февруари 1974 година предизвикал отворен раскол во армијата, но наишол на поддршка меѓу помладиот и средниот команден персонал.Ермаков В., Поляковский В. «Перекрёстки португальской революции» / М., 1978 — С. 26, 51. На 18 април 1974 година, Централниот комитет на Движењето на вооружените сили закажал воена операција за соборување на режимот за 25 април 1974 година.Суханов В. И. «Революция гвоздик» в Португалии: Страницы истории / М. «Мысль», 1983 — С. 11. (Мајорот Марис Фернандес подоцна му рекол на дописникот на Штерн: „Моравме да тргнеме порано од планираното, бидејќи тајната полиција ни влезе во трага.“ Друг интересен факт е дека на 25 април 1974 година, во рамките на Северноатлантската алијанса биле закажани воени маневри, и утрото на 25 април, воени бродови на НАТО влегле во територијалните води на Португалија.Ермаков В., Поляковский В. «Перекрёстки португальской революции» / М., 1978 — С. 30.)
На 22 април сите единици лојални на „Движењето на капетаните“ биле доведени во состојба на готовност. Преку тајниот циркулар на Централниот комитет на движењето заговорниците се запознале со плановите на револуцијата:Ермаков В., Поляковский В. «Перекрёстки португальской революции» / М., 1978 — С. 26−27.
Почетокот на операцијата мора да биде потврден со еден од двата сигнали наведени во ставовите 2 и 3. На 24 април во 22:55 часот, радио станицата Emissores Associados di Lisboa ќе објави дека лисабонското време е 22:55 часот. Потоа ќе биде пуштена песната на Пауло ди Карваљо „По збогум“. Помеѓу 00:00 и 01:00 часот на 25 април, водителот ќе ја прочита првата строфа од песната „Grandula, vila morena“ на радио станицата „Renascenza“, а потоа оваа песна треба да ја изведе нејзиниот автор - Хосе Афонсо (José Afonso). Сигналите споменати во ставовите 2 и 3, дури и да се слушне само еден од нив, целосно го потврдува почетокот на воената операција, која од тој момент станува неповратна. Време на операцијата: 03:00 часот на 25 април 1974 година. Лозинката е „Машки“, одговорот е „За победата“.
Планот на воената операција предвидувал дека соборувањето на режимот ќе прерасне во борба која ќе трае од една до три недели.Ермаков В., Поляковский В. «Перекрёстки португальской революции» / М., 1978 — С. 55.
Почеток на дејствијата На 24 април во 22:00 часот бил формиран штаб на Движењето на вооружените сили со седиште кај инженерскиот полк бр.1 (CP1) во Понтинха (Лисабон). Операцијата била управувана од: Мајор Отелу Сараива ди Карваљо , Полковник командант Витор Крешпу , Мајор Санчес Осорио , Потполковник Гарсија дос Сантос, Потполковник Фишер Лопес Пирес, Мајор Хуго дос Сантос (се приклучил подоцна) Капетан Луис Маседо (одговорен за заштита на командниот центар), Мајор Хосе Марија Азеведо (поддршка за операцијата од командниот центар) . Во 22:55, водителот на радио станицата „Emissores Assosiados di Lizhboa“ ја кажал потребната фраза: За пет минути ќе чукне 23 часот, но засега ви предлагам да ја слушнете песната на Пауло ди Карваљо „After Farewell“ (или „По збогум“ ( ), португалски претставник на Песна на Евровизија во 1974 година). Околу 200 полицајци во континентална Португалија го слушнале сигналот за почеток на акцијата и ја свртиле честотата на своите радија на католичката радио станица „Ренасценса“ во очекување на официјален повик за акција. Во 01:05 часот, со мало задоцнување, водителот на „Ренасценса“ ја прочитал првата строфа од песната „Грандула, вила морена“ ( „ Грандула, град покрај морето...“После победы революции песня «Грандула» стала её символом и гимном, и приобрела популярность не только в Португалии, но и за рубежом. Её автор — Жозе Афонсу из Сетубала — получил прозвище «трубадур португальского народа». В советской печати 1974 года утверждалось, что песня была запрещена режимом Каэтану. ) и ја пуштил во етерот.Суханов В. И. «Революция гвоздик» в Португалии: Страницы истории / М. «Мысль», 1983 — С. 5—6. Околу четири часот наутро на 25 април, колони од оклопни возила од Томар, Вендаш-Новаш, Сантарен, Фигеира да Фоз, Визеу, Мафра и од поморската база Алфеит се упатиле кон Лисабон.
Настани од 25-ти април 04:20 - единиците на 5-от пешадиски полк во Лисабон ја окупирале комерцијалната радио станица „Радиоклуб Португеш“, која имала моќен радио предавател. Во етерот било прочитано „Комуникето бр.1“ од „Движењето на капетаните“:
Ова е радио станицата на командата на вооружените сили.
Португалските вооружени сили ги повикуваат сите жители на градот Лисабон да останат во своите домови, да не ги напуштаат и да останат смирени. Искрено се надеваме, дека важноста на овој момент што го живееме нема никому да му донесе несреќа и затоа апелираме до здравиот разум на командантите на полицијата и паравоените единици да спречат секакви судири со вооружените сили. Таквите судири би биле излишни. Освен тоа, тие можат да доведат до сериозни жртви што ќе го облечат Португалецот во жалост и ќе ја поделат нацијата. Ова мора да се избегнува по секоја цена. И покрај јасно изразената загриженост да не се пролее ниту една капка португалска крв, апелираме на граѓанската и професионалната должност на сите медицински работници, надевајќи се дека тие во голем број ќе дојдат во болниците за да пружат помош ако е потребно, но искрено посакуваме ова да биде излишно.
Потоа, радио станицата почнала да емитува песни забранети од владата.Суханов В. И. «Революция гвоздик» в Португалии: Страницы истории / М. «Мысль», 1983 — С. 193—194.
По пренесувањето на првото коминике, жителите на Лисабон, спротивно на повикот, излегле на улиците на градот, и им пристапиле на бунтовничките единици. Востаниците преку Авенида ди Либердади стигнале до зградите на Министерството за национална одбрана, радио станицата и телеграфската канцеларија на плоштадот Комерсио. На насипот на реката Тагус, оклопната колона на капетанот Салгеиро Маја од Сантарем се судрила со колона тенкови, поддржана од артилерија, која се движела кон Тереиро до Паз, каде што се наоѓале владините канцеларии. Колоната била под команда на заменик командирот на воениот округ во Лисабон, бригадниот генерал Рејеш. Толпата со каранфили ѝ го попречила патот и ги запрела тенковите. Тенкистите одбиле да ја следат наредбата на генералот Рејеш да отворат оган врз толпата и конвојот на бунтовниците. Капетанот Салгеиро Маја преку мегафон рекол: „Кренавме востание за да ставиме крај на војната во колониите, да го собориме фашизмот! “. Екипажите во тенковите еден по еден им се придружувале на бунтовниците.Ермаков В., Поляковский В. «Перекрёстки португальской революции» / М., 1978 — С. 27. 07:30 – Во етерот се пуштило ново коминике од „Движењето на капетаните“. Во него се вели: „Во зорите од денешниов ден, на 25 април, Движењето спроведе многу акции за ослободување на земјата од режимот кој долго време ја угнетуваше...“. Толпата на улиците во Лисабон скандирала: „Победа! „Да живее Движењето! “. 07:40 - Конвојот со оклопни возила на Салгеиро Маја добил наредба да ја заземе главната касарна на Националната републиканска гарда на плоштадот Кармо, каде што се засолнил португалскиот премиер Марсело Каетано и група министри.Ермаков В., Поляковский В. «Перекрёстки португальской революции» / М., 1978 — С. 28.