„Во кратки црти“ — збирка раскази на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2021, објавена од издавачката куќа „Бегемот“ како дел од едицијата „Наше маало“.

Содржина Книгата содржи 30 раскази, поделени во три циклуси:Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021. „Средби и сеќавања“ * Тела * Разминувања * Јованче * Луѓе-сенки * Лото * Полноќни сеќавања * Кутиче со копчиња * Визита * Крзното од лисица на мајка ми * Погледи

„Метаматерија“ * Загубените раскази * Како го убив писателот што ме престигнуваше со идеите и како се отарасив од неговото тело * Дневна доза проза * Господинот Г. * Непреводливиот расказ * Почеток-крај * Расплет

„Замислени светови“ * Хуба-Буба * Наочарите на Кларк Кент * Ониричен рингишпил * Глуво доба * Тајна * Под ќебето * Лази буба * Скинати хулахопки * Задушница * Во плакарот * Матројошки * С за стоп * Последната чекалница

Технички податоици Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-1. Таа е испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 300 примероци, а нејзиното објавување било финансиски поддржано од Град Скопје. Графичкото уредување го извршила Наталија Лукомска, јазичната редакција е дело на Филип Димевски, а лектурата ја направила Ирена Ралева.Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021.

За делото Расказите во збирката се напишани најчесто во прво, а понекогаш и во трето лице еднина. Притоа, сите раскази се сместени во апстрактни временско-просторни координати во кои, сепак, се препознаваат современите урбани средини, а сето тоа остава впечаток за автобиографски црти на расказите. Меѓутоа, ваквиот пристап може да се сфати и како мала, незабележлива, но успешно приредена замка, а недоумицата меѓу можноста на автобиографијата и извесноста на фикцијата претставува само уште една одлика на збирката. Лирскиот тон на книгата е насочен кон самиот живот како појава, а дури потоа кон конкретните ликови при што лиричноста на тонот е засилена со слики од секојдневието, кои се вградени во приказната и му даваат нежен слој на тонот. Изразот е најчесто лапидарен, без никакви апстрахирања, а оваа економичност потсетува на пристапот на Џузепе Унгарети, но и на стилот на многу современи автори, особено на Андреј Блатник. Слично на него, и авторката успева со неколку кратки реченици да создаде впечатлива, прецизна и загадочна (понекогаш и онирична) атмосфера, а деликатните и интимните расположенија да ги пренесе како ребус или како сложувалка која треба да се набљудува внимателно за да се открие она што е очигледно. Една од можните дихотомии во збирката е сакралноста/профаноста: од една страна, во збирката има раскази кои обработуваат банални настани, а од друга страна, некои прозаични секојдневни појави се издигнати на ниво на егзистенцијални прашања. Во збирката преовладува мек, кроток тон, суптилна и ретка топлина и хуманост која воопшто него задушува читателот. Навистина, и во оваа збирка се чувствува мирисот на постмодерната, но сепак, расказите се поразновидни и подинамични од оние во претходната збирка на Михајловиќ-Костадиновска, иако во двете е присутна слична лудичност. Исто така, голем број од расказите се одликуват и со суптилна иронија. Најпосле, збирката нуди префинета и моќна критика на академскиот свет, што не се среќава често во македонската кратка проза.Живко Грозданоски, „Во кратки црти за „Во кратки црти“ од Сања Михајловиќ-Костадиновска“, во: Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021,стр. 62-65.

Наводи

Категорија:Дела на Сања Михајловиќ-Костадиновска Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Македонски раскази Категорија:Книги од 2021 година Категорија:Појавено во 2021 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2021 година