Битката кај Кана е клучна битка во Втората пунска војна помеѓу Римската Република и Картагина, а се одиграла на 2 август 216 п.н.е. во близина на античкото село Кана во Апулија, југоисточна Италија. Картагинците со своите сојузници, предводени од Ханибал, опколиле и уништиле поголем дел од римската војска водена од конзулите Луциј Емилиј Павел и Гај Теренциј Варон.

По Битката кај Кана неколку други италијански градови-држави се отцепиле од Римската Република. Како и Пир, а подоцна и Спартак, Ханибал не ја искористил предноста стекната по победата во оваа битка. Сепак, оваа битка се смета за еден од најголемите тактички подвизи во воената историја и еден од најголемите порази во римската историја.

Стратешка позадина мини|300x300пкс| Движењето на Ханибал во текот на нападот на Рим По почетокот на Втората пунска војна, картагинскиот генерал Ханибал ја нападнал Италија поминувајќи ги Алпите во текот на летото и раната есен 218 п.н.е. Извојувал победи над Римјаните во битките кај Требија и кај езерото Трасимене. По овие порази, Фабиј Максим бил назначен за диктатор за да се справи со заканата.Titus Livius, Ab Urbe Condita, xxii.8 Фабиј против Ханибал ја користел тактиката на истоштување, при што му го отсекол ланецот на снабдување и избегнал жестоки битки. Ваквата тактика се покажала непопуларна кај Римјаните кои, веќе опоравени од шокот од победите на Ханибал, се прашувале зошто Фабијевата стратегија ѝ овозможило на картагинската армија да се регрупира.Liddell Hart, Basil. Strategy. New York City, New York: Penguin, 1967. Мнозинството Римјани биле за брз крај на војната. Се стравувало дека, ако Ханибал непречено продолжи да ја ограбува, сојузниците на Рим може да преминат на картагинска страна за да опстанат.Livy, Ab Urbe Condita, xxi.19 лево|мини| Битките кај Требија, езерото Трасимене и Кана, во спротивна насока од стрелките на часовникот, од врвот Затоа, кога мандатот на Фабиј завршил, Сенатот не ги обновил неговите овластувања и командата им била доверена на конзулите Гнеус Сервилиус Геминус и Марк Атилиус Регулус. Во 216 п.н.е., кога продолжиле изборите за конзули биле избрани Луциј Емилиј Павел и Гај Теренциј Варон, под чија команда новособраната војска со дотогаш невидена големина се упатила да се соочи со Ханибал.

Проценки на бројот на римските трупи Рим вообичаено ангажирал четири легии секоја година, од кои секоја се состоела од 4.000 пешаци и 200 коњаници.Polybius, Historiae, i.16 Според современите римски извори, Сенатот овој пат за прв пат вовел осум легии, секоја составена од 5.000 пешаци и 300 коњаници, при што сојузничките трупи броеле ист број пешаци, но 900 коњаници по легија - тројно повеќе од самата легијата.Polybius, Historiae, iii.107 Осум легии — околу 40.000 римски војници и околу 2.400 коњаници — го формирале јадрото на оваа огромна нова армија.The Cambridge Ancient History VIII: Rome and the Mediterranean 218–133 BC, Cambridge University Press, 1965. Ливи цитира еден извор кој наведува дека Римјаните додале само 10.000 луѓе во нивната војска.Livy, Ab Urbe Condita, xxii.36 Иако не постои дефинитивен број на римски трупи, сите извори се согласуваат дека Картагинците се соочиле со значително поголем непријател.

Римска команда На двајцата конзули им биле доверени по две од четирите легии, а невообичаено било дека сите четири легии биле ангажирани одеднаш на иста задача. Сепак, Сенатот се плашел од реалната закана и распоредил не само четири легии на теренот, туку сите осум, вклучувајќи ги и сојузниците. Обично, секој од двајцата конзули си командувал со својот дел од армијата, но бидејќи двете армии биле обединети во една, римското право од нив барало да ја менуваат командата на дневна основа. На денот на битката Варон командувал со војската, и голем дел од вината за поразот се става на негови плеќи.

Вовед во битката Пролетта 216 п.н.е. Ханибал навлегол во северна Апулија и ја зазел Кана, со што се позиционирал помеѓу Римјаните и нивниот главен извор за снабдување со храна. Како што забележал Полибиј, заземањето на Кана „предизвикало голема вознемиреност во римската војска; бидејќи не ги вознемирувало само губењето на местото и складиштето во него, туку и фактот што тие командувале со околниот округ“. Конзулите, решени да се соочат со Ханибал, тргнале на југ. По дводневен марш, го нашле на левиот брег од реката Ауфид и се сместиле на 8 км од него.

Меѓу конзулите имало несогласување за тоа какви акции да се преземат понатаму. Варон, кој командувал на првиот ден бил решен да го победи Ханибал. Кога Римјаните се приближувале до Кана, дел од лесната пешадија и коњицата на Ханибал ги нападнале од заседа. Варон го одбил нападот и полека напредувал кон Кана. Оваа победа, иако во суштина била обична пресметка без стратешка вредност, во голема мера ја зајакнала довербата на римската војска, што можеби довело до преголема доверба од страна на Варон. Павел, за разлика од Варон, бил претпазлив и сакал да избегне битка на отворен терен, и покрај бројчаната предност на Римјаните. Тоа било исправно затоа што Ханибал имал предност во коњицата (и по квалитет и по квантитет). И покрај својот сомнеж, Павел сметал дека не е мудро да се повлече војската по првичниот успех, и со две третини од војската кампувал источно од реката Ауфид, а остатокот го пратил да ја зацврсти позицијата на спротивната страна, на околу 2 км од главниот камп.

Војските на своите позиции останале два дена. Во текот на вториот ден (1 август) Ханибал, знаејќи дека Варон ќе командува следниот ден, го напуштил својот логор и понудил битка, но Павел одбил. Откако му било одбиено барањето, Ханибал, согледувајќи ја важноста на водата од Ауфид за римските трупи, ја испратил својата коњица во помалиот римски камп за да ги растера војниците водоносци кои се наоѓале вон утврдувањата на кампот. Според Полибиј, коњицата на Ханибал храбро јавала до самиот раб на римскиот камп, предизвикала хаос и сосема го прекинала снабдувањето со вода во римскиот камп.Caven, B. Punic Wars.

Битка

Датум Историчарите од антиката ретко даваат прецизни датуми за настаните што ги опишуваат; на пример, Ливи не дава изречни датуми за ниту една од битките од Втората пунска војна. Сепак, Макробиј, кој го цитира римскиот аналитичар Квинт Клаудиус Квадригариус, наведува дека битката се водела „ante diem iiii nones Sextilis“, или на 2 август.Macrobius, Saturnalia, 1.1.6.26

Војски лево|мини| Модерна интерпретација на прачка од Балеарските Острови (позната по вештината на нивните прачки) Бројот на војниците кои учествувале во античките битки честопати се неверодостојни, а Кана не е исклучок (особено бројките за картагинската војска). Армијата на Картагина била комбинација од воени одреди од различни региони, а нејзината големина била 40-50 илјади. Во својата пешадија имале околу 8.000 Либијци, 5.500 Гетули, 16.000 Гали (од кои 8.000 биле оставени во кампот на денот на битката) и 8.000 од неколку племиња од Хиспанија. Коњаницата вклучувала 4 илјади Нумидијци, 2 илјади Ибери, 4 илјади Гали и 450 коњаници од Либија и Картагина. Ханибал имал и помошен контингент (лесна пешадија) составен од 1.000-2.000 балеарци со праќа и 6.000 копјаници од мешана националност, меѓу кои веројатно имало и Лузитанци. Обединувачкиот фактор во картагинската армија била личната врска на секоја група со Ханибал.

Опрема Римските сили имале типични римски орудија, како пилум (тешко копје) и хаста (убодни копја) како оружје, и традиционалните бронзени шлемови, штитници и оклопи. Од друга страна, картагинската војска користела разновидна опрема. Иберијците се бореле со фалката, додека Келтиберијците и Лузитанците користеле гладиуси, како и џилит и други видови копја. За одбрана, воините од Хиспанија носеле големи овални штитови и често носеле шлем на чиј врв ставале животински жили. Повеќето галски пешадијци освен големите штитови веројатно немале друга заштита, а типично галско оружје бил долгиот меч.Polybius, Historiae, iii.114 Нумидиската коњица била лесно опремена, немале седла ни узди за своите коњи и не носеле оклоп, носеле само мали штитови, копје, а можеби и нож или подолго сечило. За разлика од нив, потешката ибериска коњица имала тркалезни штитови, мечеви, џилити и копја. Балеарските праќари, кои биле прочуени по својата прецизност, носеле кратки, средни и долги праќи кои ги користеле за фрлање камења. Самиот Ханибал, како и многу римски офицери на спротивната страна, можеби носел бронзена мускулата и фалката во рацете.

Тактичко распоредување Армиите од тоа време ја поставувале пешадија во центарот, а коњицата обично на двете крила. Римјаните биле доследни на ваквото поставување, но наместо во ширина пешадијата ја распоредиле во должина со надеж дека брзо ќе го пробијат линискиот центар на Ханибал. Претходно, римската пешадија на ваков начин успеала да навлезе во центарот на Ханибаловата војска во Требија, и Варон сакал да го повтори тој успех, но сега со поголема војска. Принкипесите биле сместени веднаш зад хастатите, подготвени да избијат напред при првиот контакт со непријателот. Иако биле побројни од Картагинците, распоредувањете во длабочина значело дека римските линии би имале фронт со приближно еднаква должина како нивните бројчано инфериорни противници. Стилот на античко војување се одликувал со постојано истурање на пешадијата во центарот во обид да се совлада непријателот. Ханибал дознал дека Римјаните вака ги водат битките и својата помалкубројна војска стратешки ја сместил околу непријателот за да извојува тактичка победа.Mills, Cliff. мини|Почетно распоредување и римскиот напад (црвено) Ханибал ги распоредил своите сили врз основа на посебните борбени квалитети на секоја единица, земајќи ги предвид нивните предности и слабости.Cottrell, Leonard. Затоа балеарските праќари ги поставил зад пешадијата за да можат да дофрлат до римските трупи. Во средината, во една линија поставил 20 илјади Ибери и Гали длабока неколку редови во облик на полумесечина. На левото и десното крило ја поставил тешката африканска пешадија во подлабока формација за да ги нападне римските крила.

Кај картагинската војска, на чело на шпанската и галската коњица од левата страна (на југ во близина на реката Ауфидус) бил Хасдрубал. Хасдрубал имал 6.500 коњаници, а Хано на десното крило имал 3.500 Нумидијанци.

Ханибал пред битката зацртал неговата коњаница на крилата да ја уништи послабата римска коњаница, а потоа да ја нападне римската пешадија одзади, додека таа притиска врз ослабениот центар на Ханибал. Тогаш, во клучниот момент, африканската пешадија ќе се приклучи на битката и ќе ја започне офанзивата од крилата со што ќе ги опколат прекумерните Римјани.

Римјаните биле пред ридот што води кон Кана, нивното десно крило било покрај реката, и можеле да се повлекуваат само по левото крило.Bradford, E. Hannibal. Утринското сонце светело дирекно во очите на Римјаните, а југоисточниот ветар носел песок и прашина во нивните лица додека се приближувале до бојното поле.Dodge, Theodore.

Текот на битката Како што војските меѓусебно се доближувале, Ханибал постепено го проширувал центарот на својата линија. Полибиј слабиот центар на Картагинците го опишал како распоред во вид полумесечина, испакната кон Римјаните во средината и со африканските трупи на нивните крила во формација на ешалон. Се верува дека тоа е направено за да се намали ударниот ефект од нападот на римската пешадија и за да се издржи до вклучувањето на африканската пешадија. Иако мнозинството историчари сметаат дека Ханибал намерно ја поставил војската на ваков начин, други сметаат дека тоа било природно однесување на картагинската војска кога ќе се соочи со таков непријател. мини|Уништување на римската војска