Монта Елис (роден на 26 октомври 1985 година) е американски поранешен кошаркар, кој играл на позицијата бек.
Познат и по неговиот прекар, The Mississippi Bullet (Куршумот од Мисисипи) кој се должи на неговата родна држава и неговата голема брзина на кошаркарскиот терен, Елис посетувал настава во средното училиште Ланиер, од каде директно влегол во НБА откако бил избран како 40-ти пик на НБА драфтот 2005 од страна на Голден Стејт Вориорс.
Тој поминал 12 сезони играјќи во НБА: првите седум сезони ги поминал во дресот на Вориорс, кои го избрале на драфтот, а потоа играл уште за Милвоки Бакс, Далас Маверикс и Индијана Пејсерс, каде ја завршил кариерата откако бил отпуштен од Пејсерс. Во сезоната 2006-2007, тој ја добил наградата за НБА играч кој најмногу напредувал.Ellis edges Martin, wins most improved award, 26. 4. 2007
Успеси НБА играч кој најмногу напредувал : 1 2006-2007
Наводи
Надворешни врски
Монта Елис на ESPN Монта Елис на basketball reference Монта Елис на rotowire Монта Елис на proballers
Категорија:Американски кошаркари Категорија:Играчи во НБА Категорија:Играчи на Голден Стејт Вориорс Категорија:Играчи на Милвоки Бакс Категорија:Играчи на Далас Маверикс Категорија:Играчи на Индијана Пејсерс Категорија:Родени во 1985 година