Ќупри () — камен мост од османлиско време во градот Воден, Егејска Македонија.
Местоположба Мостот ја преминува реката Вода во западниот дел на Воден, на местото каде таа навлегува во градот.
Историја Овој едносводен камен мост има должина од 28 и ширина од 3 м. Околу него има паркче со стари чинари. Мостот е споменат од патописецот Евлија Челебија во 1668 г. По традиција од него се фрла крстот за Водици. Шведскиот сликар Бертил Кумлиен го насликал мостот и неговата околина при посетата на градот.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Воден