Естареја (португалски: Estarreja) — град и општина во Централниот регион, Португалија. Населението во 2011 година изнесувало 26.997 жители, на површина од 108.17 км2. Единствениот град во општината е Естареја, кој е во урбаната парохија Бедуидо. Самиот град има население од околу 7.000 жители. Изграден е покрај бреговите на реката Антуа, во близина на Риа де Авеиро. Естареја е важен центар на хемиската индустрија, каде што се наоѓаат неколку фабрики. Категорија:Градови во Португалија Категорија:Општини во Португалија