Кале - Врбица — археолошко наоѓалиште во кумановското село Биљановце.
Претставува средновековно градиште. На 5 км источно од селото, на границата со атарите на селата Виштица и Сушица се наоѓа висок рид чија доминантна положба овозможува да се надгледува комуникацијата по долината на реката Пчиња. Видливи се остатоци од бедем, а на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни керамиди и кршен камен.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 206, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Биљановце; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.
Наводи