Dolerus ferrugatus е вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата и градите се црни, пронотумот, тегулите и средниот дел на мезонотумот се црвени. Абдоменот е црвеникавожолт. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма.
Возрасните ларви имаат белузлав и портокалов белег на главата, а челната плочка е со црна дамка. Телото од горната страна е зелено. Се појавуваат во текот на јули и август на растенија од родот на Juncus.
Возрасните единки достигнуваат должина од 8-10 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е Средна и Северна Европа. Во Македонија видот се среќава во Струга и село Глумово.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 85-86
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија