Свети Захариј () — црква на планината Грамошта во Костурско, Егејска Македонија. Претставува единствената преживеана градба од некогашното село Загар. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Историја Според повеќето истражувачи, храмот е изграден на крајот од XVI век и претставува една од највпечатливите цркви на ова подрачје. Своевремено бил црква на денес исчезнат манастир, веројатно метох на соседниот манастир „Св. Архангели“ кај селото Чука, бидејќи црквата е мала. Преостанала само црквата, но откриени се темелите на конаците.
Околу манастирот се развило селцето Загар. По уништувањето на Линотопи во 1769 г. во Загар се населило муслиманско население кое ја претворило црквата во џамија. Подоцна храмот е претворен во штала. По припојувањето на Егејска Македонија кон Грција во 1912 г. истиот одново станал црква. Во XX век е обновена припратата која доготаш била во урнатини.
Во 1990 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Архитектура Црквата е крстокуполна и покриена со камени плочки, што заедно со внимателната ѕидарија покажува дека е дело на градители од еписката школа.
Внатрешноста е живописана, но голем дел од фреските се уништени во пожар. Зачуваните фрагменти се од XVII век, што се потврдува во натпис над прозорец одвнатре на јужниот ѕид со годината 1671.
Фреските во храмот се поврзуваат со зографи од Линотопската школа. Оштетениот натпис над прагот на црквата е напишан на влашки со грчки букви и гласи: мини|лево|250п|Влашкиот натпис над влезот
Фрески
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски
Во манастирот „Пророк Захариј, 24 октомври 2011 г.
Захариј, Загар Захариј, Загар †Захариј, Загар Категорија:Споменици на културата во Нестрам (општина) Захариј, Загар Категорија:Грамошта Захариј, Загар