Свети Димитриј () — црква кај селото Костурени, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија..

Изградбата на оваа црква започнала на истоимениот рид западно од селото во 1857 г., по прогласувањето на Хатихумајунот, со кој им се дава полна верска слобода на христијанските поданици на царството. Завршена е во 1858 г. за време на митрополитот Мелетиј Мегленски. Претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква и трем од јужната страна. Покривот е на два води, прекриен со камени плочки.

Внатре има резбан иконостас со цветни мотиви, како и многуаголен резбан амвон. Женската црква на западната страна има убав дрвен парапет и решетка. Во жртвеникот е насликан Христос, а во апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небесата, а потоа има редица светци. Забележителни се и преносливите икони на Света Недела (1870) и Свети Никола (1860). Средниот кораб е покриен со полуцилиндричен свод, а страничните имаат рамни дрвени тавани.

Камбанаријата е самостојна градба на југоисток од храмот, изградена во 1919 г. според натписот на неа.

За време на Првата светска војна во 1916-17 г. црквата на ридот служела како набљудувачница на српската артилерија.

Натписот над влезот гласи:

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Димитриј, Костурени Димитриј, Костурени Категорија:Појавено во 1858 година