Свети Никола () — црква во селото Ватилак, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм, сместен во северозападниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика типична за своето време. Изградена е во 1860 г., веројатно на местото на постара црква, што се гледа од архитектонските елементи растурени наоколу.
Храмот е забележителен пример за поствизантиската архитектура во Солунско. Внатре има фрески во жртвеникот, во ѓаконикот и на северниот ѕид.
Црквата е прогласена за историски споменик на 8 декември 1994 г.
Поврзано Полјанско-кукушка епархија
Наводи
Никола, Ватилак Никола, Ватилак Категорија:Споменици на културата во Илиџиево (општина) Категорија:Појавено во 1860 година Никола, Ватилак