Рождество на Пресвета Богородица () — црква во селото Рамна, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена меѓу 1856 и 1858 г. како гробишен и парохиски храм на селото. Претставува трикорабна базилика, што е заедничко за црквите од XIX век во овој дел на Македонија . Има внатрешни димензии од 12,2 х 7,8 м. На запад и на југ црквата има трем. Нартексот и галеријата на запад не се зачувани. Покривот е едномансарден со засеци од запад и исток. Апсидата на олтарот е полукружна. Внатре се зачувани резбаниот владички престол, два проскинитара и иконостасот. Зачувани се и оригиналните дрвени тавани со геометриски фигури, насликани во силни бои со цвеќиња и вазни. Слично украсени се и резбаните дрвени елементи. Фронтоните на аркадите, дел од северната, јужната и источната стена исто така се насликани, како и нишите на жртвеникот. Во храмот има икони на зографите Ставракис Маргаритис, Атанасиос Маргаритис и Дакос Хаѕистаматис од погрченото солунско село Кулакија, како и од зоградот Стерјос Димитриу од Кожани.
Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата .
Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија
Наводи
Богородица, Рамна Богородица, Рамна Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина) Богородица, Рамна