Света Петка () — црква во селото Воренос, Лагадинско, Егејска Македонија. Претставува катедрален храм Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот е изграден во 1974 г. и се наоѓа во центарот на селото. Претставува трикорабна базилика со затворен трем на југ, тројна апсида на исток и камбанарија во југозападниот агол.
Внатре има преносливи икони и делови од резбаниот иконостас на постар храм, изработен најдоццна во првата половина на XIX век судејќи по натписите на иконите. Овој стар храм бил подигнат над рид вон селото и паднал во земјотресот од 1978 г. Во црквата се чуваат вкупно 20 преносливи икони, дел од иконостас, распетие со два резбани змеја под него и едни царски двери.
Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија
Наводи
Петка, Воренос Петка, Воренос Категорија:Појавено во 1974 година