Јавна општинска установа Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија — градска библиотека во Гевгелија, Македонија.

Објект

Фасадата на куќата каде што е сместена библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија го доби автентичниот лик по реставрацијата и конзервацијата, што во 2013 ја извршил стручен тим од Заводот и музеј Струмица. Обновениот објект, кој датира од крајот на 19 век бил меѓу 250. објекти од програмата на Министерството за култура за реставрација на фасади од стара градска архитектура.

Објектот функционирал како библиотека по Втората светска војна, а претходно имал други намени и различни сопственици.

Книжен фонд

Библиотеката денес располага со книжен фонд од околу 60.000 монографски публикации, комплетирани и укоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми и видеоматеријали.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Згради и градби во Гевгелија Гоце Делчев Категорија:Образованието во Гевгелија