Свети Бессребреници Кузман и Дамјан () — црква во селото Ново Крушево, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е првично изградена во 1951 г. Значително настрадала во земјотресот од 1978 г. и затоа е срушена и изградена од темел. Осветена е во 2004 г. од митрополитот Теолог Серско-нигритски.

Во парохијата влегуваат и храмовите „Св. Ѓорѓи и Св. Рафаил“ и „Св. Бессребреници“ во Долно Крушево, „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ во Горно Крушево и „Св. Петка“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Бессребреници, Ново Крушево Бессребреници, Ново Крушево