Сашо Стефановски, познат и под псевдонимот Џанго Помалиот (1965 - Скопје, 1 јули 2023) — македонски писател, блогер и режисер.
Животопис Стефановски бил дипломиран електроинженер.Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018. Починал на 1 јули 2023 година.centar.mk „Почина македонскиот писател Сашо Стефановски“ (пристапено на 1.2.2024)
Творештво Стефановски пишувал куса проза која ја објавувал под псевдонимот Џанго Помалиот. Своите раскази ги објавувал на фејсбук и на интернет-порталот Окно, а во 2018 година ја објавил збирката „Намали малце чалам“ која претставува осврт врз урбаниот маалски живот во скопската населба Кисела Вода. Исто така, тој е автор на наградениот драмски текст „Модерна алхемија“ што самиот го режирал во МКЦ кон крајот на 1980-тите.Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 161-165.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Починати во 2023 година