Семето на љубовта () е американска / колумбиска теленовела снимана во САД и Колумбија, во 2007 година. Серијата во САД има огромен успех, а голем резултат е добрата глумечка екипа а и вечерниот термин на прикажување.

Синопсис Оваа романтична мелодрама ја претставува Алехандра Агире, силна жена со неверојатно тело, која одгледува ориз во провинцијата на градот Кастељон и крие длабока, шокирачка тајна. Таа е 50 годишна жена со огромна страст, чувствителност и убавина. Тоа ја става на крстопат: дали да го избере Леонардо Цизнерос или неговиот син Анхел. И двајцата се заљубени во неа и се подготвени да ја имаат... Леонардо ја запалил страста во Алехандра порано, кој освен тоа со неа има две деца, Валентин и Деметрио. После неколку години неговото отсуство се појавува повторно и се раѓат чувствата, кои за неа мислеа дека се мртви. Тоа и го сменува животот тотално, принудувајќи да се потсети на минатото. Пред неколку години Леонардо ја запознал Алехандра за време на бизнис патувањето и двајцата се заљубуваат. Леонардо никогаш не и кажал дека бил женет за лошата и пресметливата Флавија, од која го имаат синот Анхел. Без да ја знае вистината, Алехандра дознава дека е бремена. Кога на крај дознава за измамата на Леонардо, таа заминува од него. Решава да молчи, за да не му го наруши семејството. Појавата на Алехандра буди страст во Леонардо. Едноставно се појавуваат и луѓе кои сакаат да ја уништат неа и децата. Тие опасни ѓаволи се Доња Тринидад Сапата, злобната мајка на Флавија и лошиот Тирсо Рејносо, кој управува со сопственоста на семејството Цизнерос, заедно со командант Венено, кој има група убијци, кои го носат името “Sierra Brigade”. Во тоа време младото поколение исто така се бори за љубовта, пријателството и остварувањето на соништата. Синот на Леонардо, Анхел се заљубува во Алехандра, без да знае ништо за забранетите тајни. И покрај огромната разлика во возраста, Анхел се обидува да ја присили. Тоа ја провоцира Алехандра, и ќе стори се да се заштити себе и децата. Другите синови на Леонардо се исто така возрасни со своите проблеми. Валентин работи во оризовата фарма, а Деметрио учи во колеџ. И двајцата се борат за љубовта на прекрасната внука на Флавија, Анабел Сандана.

Улоги Глумци ЛиковиАмпаро Гризалес Алехандра АгиреГабриел Порас Леонардо ЦизнеросМајкл Браун Анхел ЦизнеросСаби Камалих Доња Тринидад ЗапатаМоника Дионе Флавиа Портилјо де ЦизнеросАрап Бетке Деметрио АгиреАна Лусија Домингез Анабел Салдања

Семето на љубовта на Балканот Бугарија: бТВ Србија: Фокс Телевизија Босна и Херцеговина: Мрежа+

Надворешни врски Официјална Веб Страна Тепуј

Категорија:Колумбиски телевизиски серии Категорија:Теленовели Категорија:Телемундо