Европа — еден од седумте светски континенти. Името Европа потекнува од асирскиот збор Ереб (заоѓање на Сонцето, запад), со кој Феничаните и Асировавилонците ги означувале териториите на запад. Подоцна тоа име се проширило за целиот западен дел од копното Европа. Опфаќајќи го најзападниот полуостров на Евроазија, Европа на исток се дели од Азија со водната дренажа на планината Урал, реката Урал, Каспиското Езеро, областа Кавказ и со Црното Море на југоисток. "Europe" (pp. 68-9); "Asia" (pp. 90-1): "A commonly accepted division between Asia and Europe ... is formed by the Ural Mountains, Ural River, Caspian Sea, Caucasus Mountains, and the Black Sea with its outlets, the Bosporus and Dardanelles." Европа на север е обиколена со Северноледениот Океан и други водни површини, на запад со Атлантскиот Океан, на југ со Средоземното Море и Црното Море и со други водни патишта на југоисток. Сепак границите на Европа - концепт кој датира уште од антиката-се произволни, бидејќи самиот поим континент може да има културно или политичко значење или пак физиогеографско.
Европа е вториот најмал континент во светот според површина, опфаќајќи 10.180.000 км2 или 2% од целокупната површина на Земјата или околу 6.8% од Земјината површина. Од приближно 50 држави во Европа, Русија е најголема и површински и според населеност (иако државата се протега и низ Европа и низ Азија), додека Ватикан е најмала. Европа е третиот најнаселен континент по Азија и Африка, со популација од 731 милиони или околу 11% од светското население.
Европа, особено Стара Грција, е родно место на западната култура. Европа има многу значајна улога во светските настани од XVI век па натаму, особено по почетокот на колонизацијата. Помеѓу XVI. и XX век, европски нации ги имаат контролирано Америка, најголем дел од Африка, Океанија и големи делови од Азија. Двете светски војни во најголем дел се фокусирани на Европа, придонесувајќи до одредени судири настанати во средината на XX век помеѓу САД и Советскиот Сојуз.National Geographic, 534. За време на студената војна, Европа е поделена со железна завеса помеѓу НАТО на запад и Варшавскиот пакт на исток. Европската интеграција доведува до создавање на Советот на Европа и Европската Унија во Западна Европа, кои се прошируваат источно по падот на Советскиот Сојуз во 1991.
Потекло на поимот Во старогрчката митологија, Европа е феникиска принцеза која Зевс ја грабнал заземајќи облик на прекрасен бел бик. Ја однел на островот Крит каде таа ги родила Минос, Радамант и Сарпедон. За Хомер, Европа (грчки: , ) била митолошка кралица на Крит, не географско одредиште. Подоцна, со Еуропа се именувала централно-северна Грција, а до 500 п.н.е нејзиното значење се проширило до островите на север.
Името Европа има неодредена етимологија.Minor theories, such as the (probably folk-etymological) one deriving Europa from ευρως "mould" aren't discussed in the section Една теорија предложува дека зборот има грчки корени со значење пространо (eur-) и око (op-, opt-), оттаму , „пространа“, „изразито видлива“ (споредено со glaukōpis (сиво-ока) Атена или boōpis (говедо-ока) Хера). Пространо бил епитет за самата Земја во реконструираната индоевропска религија. Друга теорија тврди дека зборот е всушност производ на семитски збор како што акадското значење на erebu „да падне, да тргне“ е сродно со феникиското 'ereb „вечер, запад“ и арапското Магреб, хебрејско ma'ariv (видете Ереб, на праиндоевропски *h1regʷos, „темнина“). Како и да е, М. Л. Вест наведува дека „фонолошки, поврзаност помеѓу името на Европа и која било форма на семитскиот збор речиси не постои“.
Повеќе важни светски јазици користат зборови изведени од „Европа“ за да го опишат „континетот“ (полуостровот). Кинескиот, на пример, го користи зборот (歐洲), што е кратенка од транслитерационото име (歐羅巴洲); сепак, во некои турски јазици името Frengistan (земја на Франките) вообичаено се користи кога се мисли на Европа, покрај официјални имиња како Avrupa или Evropa.
Историја
Праисторија мини|Палеолитски пештерски цртежи од пештерата Ласко во Франција ( 15,000 п.н.е.) мини|Стоунхенџ во Обединетото Кралство (доцен неолит од 3000 до 2000 п.н.е.) Homo georgicus, кој живеел пред околу 1,8 милиони години во Грузија, е најрано откриениот хоминид во Европа. Останати остатоци од хоминиди, датираат од пред околу 1 милион години, се откриени во Атапуерка, Шпанија.The million year old tooth from Atapuerca, Spain, found in June 2007 Неандерталец (именуван по долината Неандертал во Германија) се појвил во Европа пред околу 150.000 години, а исчезнува од фосилните записи пред околу 30.000 години. Неандерталците биле протерани од денешните (Кромањонци), кои се појавиле во Европа пред околу 40.000 години.National Geographic, 21.
Периодот на неолитска Европа—обележан од одгледувањето на жита и одгледувањето добиток, зголемениот број на населеност и распространата употреба на грчарството—започнал околу 7.000 п.н.е. во Грција и на Балканот, најверојатно под влијание на Мала Азија и Блискиот Исток. Се распространува од југоисточна Европа по долините на реките Дунав и Рајна (Култура на линеарно грнчарство) и по Средоземното Море (Техника имресо). Помеѓу 4.500 и 3.000 п.н.е. овие централни европски неолитски култури се развиле низ западот и северот, пренесувајќи штотуку здобиени вештини во произведување на бакарни артефакти. Во Западна Европа неолитот не се одликувал по големи земојделски живеалишта туку по земјени споменици, како насипи, гробни насипи и мегалитски гробници. Културата на производство на секири напреднала со преминот од неолит во бакарно време. За време на овој период огромни мегалитски споменици, како Мегалитските храмови на Малта и Стоунхенџ, се конструирале низ Западна и Јужна Европа.Atkinson, R J C, Stonehenge (Penguin Books, 1956), European Megalithic Европската бронзена доба започнала во доцниот трет милениум п.н.е. со културата на производство на пехари.
Европската железно доба започнува околу 800 п.н.е., со халштатската култура. Колонизацијата на феникијци во железно добата придонело за подем на раните средоземни градови. Раниот период на железното доба на Италија и Грција од околу VIII век п.н.е. постепено придонело во подем на историската Антика.
Географска положба
Европа е западниот полуостров на најголемата копнена маса на Земјата, која се нарекува Евроазија. Иако Природно е поврзана со Азија, поради историските, културните, политичките и стопанските одлики се издвојува како посебен континент. Во однос на екваторот се наоѓа на северната полутопка, а во однос на почетниот меридијан со поголемиот дел од територијата се простира на иточната полутопка. Се простира меѓу Средоземно Море на југ и Северноледениот Океан на север и меѓу Атлантски Океан на запад и планината Урал на исток. Поточно, крајните точки на европското копно се:
Место Држава Точка ’рт Тарифа Шпанија најјужна ’рт Нордкин Норвешка најсеверна ’рт Рока Португалија најзападна на пл. Урал Русија најисточна
Географската положба на Европа и овозможува излез на Атлантски Океан и на Средоземно Море. Благодарение на Гибралтарски Проток и на Суецки Канал се одвива најмасовен поморски сообраќај во светот. Оддалеченоста од Африка е 14 км кај Гибралтар и 140 км кај Сицилија, а врската со Азија преку Суецки Канал, Босфор и Дарданели и пепосредната граница спрема Азија (со должина од околу 4000 км, од кои 3300 км се по планината Урал и реката Урал и уште околу 700 км до удолината Манич) за Европа обезбедуваат централна географска положба во светски рамки. Во прилог на тоа е и комуникацијата на Европа со Северна Америка преку Атлантски Океан, на оддалеченост од околу 5900 км.Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Природно географски каратеристики на Европа - стр. 5/6 мини
Граници на Европа
Границите на Европа се протегаат по источното подножје на планината Урал - реката Урал - Касписко Езеро - Удолината Манич - Црно Море - Босфор - Мраморно Море - Дарданели - Егејско Море - Средоземно Море - Атлантски Океан - Северноледен Океан. Во Европа покрај крајбрежните се вбројуваат и поголеми острови, како што се: Нова Земја, Земја на Франц Јосиф, Свалбард, Мачкин Остров, Јан Маен, Исланд, Фарските Острови, Велика Британија и Ирска, како и островите во Средоземно Море (Сицилија, Сарданија, Корзика, Крит и многу други), со исклучок на Кипар и неколку крајбрежни турски острови. Површината на Европа со островите изнесува 10.508.384 км2, или околу 2% од површината на Земјата, односно околу 7,5% од копното на Земјата.
Брегова разгранетост
Европа е втора со големиот број полуострови, заливи, протоци, фјордови и други абразивни форми се одликува со најразгранета брегова линија меѓу континенталните маси на Земјата. Големата брегова разгранетост е резултат на двете големи средоземни мориња, и тоа: Балтичко Море и Средоземно Море, каде што се наоѓаат поголемиот број издвоени мориња, заливи, острови и полуострови.
Во северните делови на Европа бреговата разгранетост ја создаваат бреговите на Белото Море, кое со повеќе заливи длабоко навлегува во копното меѓу полуостровите Кола и Канин. Во Баренцово Море се наоѓаат островите Нова Земја, Земјата на Франц Јосеф и Свалбард; разгранетиот норвешки брег има илјадници мали острови и многубројни тесни и издолжени заливи, наречени фјордови. Ваквата брегова линија продолжува кон западните делови на Европа, каде што од Северно Море, преку протоците Скагерак и Категат меѓу Скандинавски Полуостров и полуостровот Јулијанд длабоко во копното навлегува Балтичкото Море со Ботнискиот, Финскиот и Ришкиот Залив.Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Брегова разгранетост на европскиот континент - стр. 8
мини|десно|Островот Велика Британија Бреговата разгранетост на западниот брег на Европа ја прават бреговите на полуостровот Јуланд, Нормандија, Бретања и Перинејскиот Полуостров, како и островите Велика Британија, Ирска и Исланд. Во овој дел особено се карактеристични Северно Море, каналот Ламанш и Баскиски Залив. мини|лево|Пиринејски Полуостров (сателитска снимка од вселената) Југоисточниот брег на Европа со трите големи полуострови (Пиринејски Полуостров, Апенински Полуостров и Балкански Полуостров) и со многубројните поголеми и помали острови, како што се: Сицилија, Сардинија, Корзика, Крит, Балеарски Острови итн. - е најразгранет. Почнувајќи од Гибралтарски Проток, Средоземно Море се разгранува на повеќе внатрешни мориња, како што се: Лигурско Море, Тиренско Море, Јонско Море, Јадранско Море, Критско Море, Егејско Море, Мраморно Море, Црно Море и Азовско Море. Во наведените мориња се наоѓаат голем број заливи, од кои покарактеристични се Лионски Залив, Џеновски Залив, Трстјански Залив, Солунски Залив, Коринтски Залив итн. мини|десно|Гибралтарски Полуостров (поглед од северозапад) Меѓу морињата се наоѓаат повеќе протоци, како што се: Гибралтарски Проток, Сицилиски Проток, Месински Проток, Отранска Врата, Дарданели, Босфор, Керчанска Врата, Ересунд, Големиот Белт и Малиот Белт.
Бреговите на Европа се со должина од околу 41.000 км, што значи дека на секои 1.000 км2 има по 4,1 км брегова линија. Со најголема разгранетост се одликуваат норвешкиот, хрватскиот и грчкиот брег. На вака разгранетиот брег се изградени голем број пристаништа со мошне развиен бродски сообраќај, кој преку Гибралтар и Западна Европа се одвива кон Северна и кон Јужна Америка, а преку Гибралтар и Суецки Канал се одвива кон Азија и кон Австралија. Многу е значаен, условно кажано, локалниот воден сообраќај на европските пристаништа.Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Брегова разгранетост на европскиот континент - стр. 9
Релјеф
мини|лево|Планина Урал