Ова е статија за современата држава на Балканскиот Полуостров. За други значења на името видете Албанија (појаснување)

Албанија ( или Shqipëria; Shqipni или Shqipnia, исто така Shqypni или Shqypnia), или официјално Република Албанија () — земја во Југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров и Сердоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на Јадранското Море на запад и брег на Јонското Море на југозапад. Главен град е Тирана, кој воедно е и најголем град во државата.

Географски, земјата покажува различни климатски, геолошки, хидролошки и морфолошки услови, дефинирани на површина од 28.748 км2. Таа поседува извонредна разноликост со пределот кој се протега од планините Проклетие до топлото и сончево крајбрежје на Јадранско Море и Јонското Море. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко и црногорско население.

Историски гледано, областа на Албанија била населена со разни племиња од Илири, Тракијци и Стари Грци. Областа била припоена во 3 век од страна на Римјаните и станала составен дел на римските провинции Далмација, Македонија и Илирик. Автономното Кнежевство Арбарија било создадено во 1190 година, формирано од архонт Прогон во Кроја, во рамките на Византија. Во доцниот 13 век Карло I Анжујски ги освоил албанските територии од Византијците и го основал средновековното Кралство Албанија, кое со своето максимално проширување се протегало од Драч по должината на брегот до Бутринт на југ. Во средината на XV век, Албанија била освоена од страна на Османлиите.

Современата национална држава Албанија се појавила во 1912 година по поразот на Османлиите во Балканските војни. Современото Кралство Албанија било напднато од Италија во 1939 година, формирајќи Голема Албанија, пред да стане нацистички германски протекторат во 1943 година. По поразот на Нацистичка Германија, комунистичка држава насловена како Народна Република Албанија била основана под раководство на Енвер Хоџа и Партијата на трудот. Земјата доживеала општествени и политички трансформации во комунистичката ера, како и изолација од голем дел од меѓународната заедница. По Револуциите од 1991 година, социјалистичката република била распуштена и била основана денешна Албанија.

Политички, земјата е унитарна парламентарна уставна република и земја во развој со економија со повисок среден доход во која доминира терциерниот сектор проследен со секундарниот и примарен сектор. Економијата поминала низ процес на транзиција, по крајот на комунизмот во 1990 година, од централизирана во пазарна економија.Reports: Poverty Decreases In Albania After Years Of Growth. Dow Jones Newswires, 201-938-5500 201-938-5500 201-938-5500.Nasdaq.comAlbania plans to build three hydropower plants. People's DailyStrong GDP growth reduces poverty in Albania-study. Reuters. Forbes.com Исто така, Албанија обезбедува и универзална здравствена заштита и бесплатно основно и средно образование на своите граѓани. Земјата е членка на Обединетите Нации, Светска банка, УНЕСКО, НАТО, СТО, Советот на Европа, ОБСЕ и ОИК. Исто така, Албанија е службен кандидат за членство во Европската Унија.

Потекло на поимот Албанија (Albania) e средновековно латинско име за регионот, кој на албански денес е познат како Shqipëri (Шипнија) или на грчки како Ἀλβανία (Албаниа).

Името потекнува од племето Албани, кое било запишан од Птоломеј, географ и астроном од Александрија и кој направил карта во 150 година.Madrugearu A, Gordon M. The wars of the Balkan Peninsula. Rowman & Littlefield, 2007. p. 146. На картата тој запишал еден град Албанополис (североисточно од Драч).

Името може имало континуитет со имињата на населените места Албанон или Арбанон, но нема никакви докази за тоа дали се истите.The Illyrians by J. J. Wilkes, 1992, ISBN 978-0-631-19807-9, page 279,"We cannot be certain that the Arbanon of Anna Comnena is the same as Albanopolis of the Albani, a place located on the map of Ptolemy (3.12)" Меѓу месното население во Албанија почнало да се користи поимот Shqipëria (Шќиприа, Шипнија) и демонимот Shqiptarë (Шќиптар), наместо Arbëria (Арберија) и Arbëresh (Арбереш). Иако народот сака да го толкува поимот Шќиприа (Shqipëria) како „земја на орли“ или „деца на орли“, сепак тој потекнува од обичниот албански збор „shqip“ (шќип) што во превод значи „разбира“.Kristo Frasheri. History of Albania (A Brief Overview). Tirana, 1964.

Историја

Рана историја thumb|right|Аполонија претставувала значајна грчка колонија во денешна Албанија

Првите траги на човечко присуство во Албанија, кои датираат од средниот и горниот палеолит, биле пронајдени во селото Харе во близина на Саранда и Дајти во близина на Тирана.F. Prendi, "The Prehistory of Albania", The Cambridge Ancient History, 2nd edn., vol. 3, part 1: The Prehistory of the Balkans; and the Middle East and the Aegean World, Tenth to Eighth Centuries B.C., ed. John Boardman |display-authors= et al. (Cambridge: Cambridge UP, 1982), 189–90. Палеолитските наоди на Албанија покажуваат големи сличности со објекти од истата ера што се наоѓаат на Црвена Стиња во Црна Гора и северозападна Грција.

Неколку артефакти од бронзеното време во една могила биле откопани во централна и јужна Албанија, и истите покажуваат тесна врска со наоѓалиштата во југозападна Македонија и Лефкада, Грција. Археолозите дошле до заклучок дека овие региони биле населени од средината на третиот милениум п.н.е. од страна на индоевропски луѓе кои зборувале на прагрчки јазик. Еден дел од ова население подоцна се преселило во Микена во околу 1600 п.н.е. и таму ја основалло микенската цивилизација.Nicholas Geoffrey Lemprière Hammond, Guy Thompson Griffith A History of Macedonia: Historical geography and prehistory. Clarendon Press, 1972, p. 290Nicholas Geoffrey Lemprière Hammond. Studies: Further studies on various topics. A.M. Hakkert, 1993, p. 231: "The leading dans of both groups buried their dead under a circular tumulus of soil in the second millennium BC The main reservoir of the Greek speakers was central Albania and Epirus, and it was from there that the founders of Mycenaean civilization came to Mycenae, c. 1600 BC, and buried their nobles in Grave Circle B. Further waves of immigrants passing through and from Epirus people the Greek peninsula and islands the last wave, called Dorians, settling from 1100 onwards. The lands they left in central Albania were occupied during the so-called Dark Age (U10-800BC) by Illyrians, whose main habitat was in the area now called Bosnia,"

Во античките времиња, територијата на модерната Албанија главно била населена со голем број на илирски племиња. Илирските племиња никогаш не се сметале себеси за Илири, и мала е веројатноста тие да го користеле тоа име за себе во времето кога живееле. Името Илири се чини дека е називот што се однесува на одредено илирско племе, коешто првпат стапило во контакт со Старите Грци за време на бронзеното време.John Boardman. The prehistory of the Balkans and the Middle East and the Aegean world. Cambridge University Press, 1982. , p. 629: "...the southernmost outliers of the tribes which held the Zeta valley, as such they may have been the immediate neighbours of Greek-speaking tribes in the Bronze Age."Wilkes John. The Illyrians. Wiley-Blackwell, 1995, , p. 92: "Illyrii was once no more than the name of a single people... astride the modern frontier between Albania and Yugoslav Montenegro"

Илирите, како народ на Балканот се населиле околу 900 п.н.е.. Како и во соседните земји, така и кај Илирите започнало да се распаѓа родовското уредување и да се создаваат класи. Се појавиле богати и имотни Илири, но и сиромашни и бедни. Во 7 век п.н.е. Галаур ја создал првата илирска држава и се прогласил за нејзин крал. Тој ги одредил границите, но тие многу често се менувале, бидејќи Илирите многу често војувале со соседите, а особено со Античките Македонци. Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар. Илирите ја одржувале својата држава сѐ до крајот на 3 век п.н.е. кога Римјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229 п.н.е. -228 година п.н.е. и 219 п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните.

Среден век thumb|right|Кроја

Откако Римското Царство било поделено на Источно и Западно во IV век, територијата на Албанија останала во рамките на Источното Римско Царство. Во вековите што следувале, Балканскиот Полуостров страдал од варварските инвазии. Илирите се споменуваат за последен пат во текст од VII век. Кон крајот на 12 и почетокот на 13 век, Србите и Венецијанците владееле со територијата на денешна Албанија.

Етногенезата на Албанците е неизвесна, но првото неспорно споменување на Албанците датира уште во историските записи од 1079 или 1080 година во делото на Михаил Аталијат, кој ги споменува дека учествувале во револт против Цариград. Во овој момент Албанците биле целосно христијанизирани.

Првата полуавтономна албанска држава била формирана во 1190 година, кога архонт Прогон го основал Кнежевството Арбарија со главен град во Круја во рамките на Византија. Прогон, бил наследен од неговите синови Ѓин и Димитри. По смртта на Димитри, како последен член на семејството Прогон, кнежевството стапило под власта на Григор Камона, а подоцна и под владетелот Голем, како последен независен владетел. Во 13 век, кнежевството било распуштено.Clements, John (1992), Clements encyclopedia of world governments, Vol. 10. Political Research, Inc. p. 31: "By 1190, Byzantium's power had so receded that the archon Progon succeeded in establishing the first Albanian state of the Middle Ages, a principality" Арбарија се смета за прва албанска држава, која го задржала полуавтономниот статус во западниот крај на Византија.

Неколку години по распуштањето, Карло I Анжујски склучил договор со албанските владетели, ветувајќи дека ќе ги заштити нивните слободи. Во 1272, тој го основал Кралството Албанија и освоил неколку региони од Епирското Деспотство. Царството ја побарала цела територија на Албанија од Драч долж брегот на Јадранското Море до Бутринт. Католичката политичка структура била основа за папските планови за ширење на католицизмот на Балканскиот Полуостров. Овој план добил поддршката од Елена Анжујска, роднина на Карло, која во тоа време владеела со територии во Северна Албанија. Околу 30 католички цркви и манастири биле изградени за време на нејзиното владеење главно во северна Албанија. Внатрешната борба на моќта во рамките на Византија во 14 век, му овозможило на најмоќниот средновековен владетел на Србија, Стефан Душан, да воспостави краткотрајно царство кое ја вклучувала и цела Албанија, освен Драч. Во 1367 година, различни албански владетели го формирале Деспотството Арта. За тоа време биле создадени неколку албански кнежевства, меѓу кои најзначајни се Балшиќ, Топтани, Кастриоти, Музака и Аријанити. Во првата половина на 14 век Отоманското Царство го нападнал поголемиот дел од Албанија а во исто време била основана и Лешка лига на чело со Скендербег како владетел, кој станал национален херој на албанската средновековна историја.

Османлиско Царство

Отоманска Албанија го опфаќа периодот од историјата на денешна Република Албанија кога територијата била во составот на Османлиското Царство. Целата територија под османлиска власт била во периодот од 1481 до 1912 година. По битката на Саврово поле во 1385 година поголемиот дел од албанските владетели станале отомански вазали.