Лајта (; или , порано ) или Литава (чешки и ) — река во Австрија и Унгарија, десна притока на Дунав. Долга е 120,8 км (168,5 км ако се вброи изворишната река Шварца). Сливот зафаќа површина од .
Потекло на името Реката за првпат е спомната во 833 г. како Литаха (Lithaha) во тапија издадена од Лудвиг Германски, син на каролиншкиот цар Лудвиг Побожниот и владетел на племенското војводство Баварија. Старогорногерманското име веројатно се однесува на панонскиот (илирски) поим за „кал“, одржан во старото унгарски име (спор. , „мочуриште“).
Течение мини|160п|лево|Плоча на изворот на реката Лајта извира во Долна Австрија во спој од изворишните реки Шварца и Пите. Шварца ги одводнува масивите Шнеберг, Ракс и Снежните Алпи (Шнеалпе) во Северните Варовнички Алпи. Помеѓу Ебенфурт и Лајтапродерсдорф, и меѓу Брук на Лајта и Гатендорф,Потврдено на современ атлас реката ја исцртува границата меѓу покраините Долна Австрија и Градиште. Источно од Никелсдорф преоѓа во Унгарија, а потоа се влева во мосонскиот ракав на Дунав западно од Малиот Житен Остров (Сигеткез) кај Мошонмаѓаровар. Поголеми населени места по течението се Винер Нојштат, Брук и Мошонмаѓаровар.
Големо количество вода од составницата Шварца се пренасочува во Винернојштатскиот Канал и за снабдување на Виена со пивка вода. Од Лајта се двојат уште неколку канали кои некогаш ги напојувале предачниците, а денес напојуваат хидроелектрани. Најголемиот дел од водата помеѓу Зајберсдорф и Хоф на Лајтаберге е пренасочена за таа ел. Оттаму реката обично е пресушена, освен во периоди на необична полноводност. Низводно од Кацелсдорф речното корито исто така е речиси наполно суво.
мини|Пресушено корито на Лајта кај Бад Ерлах
Историска граница По унгарското освојување на Панонската Низина кон крајот на IX век, маѓарските коњаници се обиделе да се пробијат уште поназапад во соседните западнофранкиски земји, но биле поразени од кралот Отон I во Битката на Лешко Поле (955). Потоа војската на баварскиот војвода Хајнрих Кавгаџијата постепено ги побратиле териториите по Виенската Шума сè до Лајта. Во овие краишта околу 976 г. е основана Маркгрофовијата Австрија (Источна Марка) под водство на бабенберговски маркгроф Леополд I.
На почетокот на II милениум унгарскатата граница одела долж брегот на Лајта, а почнувајќи од 1156 г. ја образувала источната граница Војводството Австрија со тврдини во Винер Нојштат, Брук и Хајнбург. Последниот бабенбершки војвода Фридрих II загинал во Битката кај Лајта 1246 против унгарскиот крал Бела IV. Границата е потврдена во тапија издадена од кралот Сигизмунд во 1411 г. кога ќерка му Елизабета се омажила за хабсбуршкиот војвода Албрехт II. Имињата Цислајтанија, Транслајтанија и Лајтско Банство (Лајтабаншаг) се должат на реката. По Австроунгарската спогодба од 1867 г. со која е создадена Двојната Монархија, Транслајтанија (Transleithanien, „отаде Лајта“) бил разговорен израз во Виена за земјите преку Лајта (т.е. Кралството Унгарија), а со Цислајтанија (Cisleithanien, „одовде Лајта“) се нарекувале австриските земји.Википедија на германски Сепак, Лајта не ја образувала целата граница: на пример, Галиција и Буковина, кој биле во Цислајтанија, биле североисточно од Унгарија. Од своја страна, реката Морава ја образувала границата помеѓу цислајтанска Моравија и транслајтанските земји во денешна Словачка (Горна Унгарија).
Со распадот на Австроунгарија по Првата светска војна е потпишан Тријанонски договор (1920) во кој стои дека западната унгарска територија на прогласеното Лајтското Банство влегува во Република Австрија (како Градиште), а течението на реката станало внатрешна австриска граница.
Поврзано Цислајтанија Транслајтанија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Притоки на Дунав Категорија:Реки во Унгарија Категорија:Реки во Австрија Категорија:Меѓународни реки во Европа