Лоњско Поље (македонски: Лоњско Поле) ― најголемото заштитено мочуриште и во Хрватска и во целиот дунавски слив. Зафаќа површина од 505.6 км квадратни, се протега по течението на реката Сава од областите источно од Сисак, долниот тек на реката Лоња поради која е именувана, до областите западно од Нова Градишка, по течението на реката Велики Струг.
Областа на Лоњско Поље е означена како природен парк (park prirode), еден вид заштитено подрачје во Хрватска. Установата е основана во 1998 година, а седиштето е во село Јасеновац.
Според критериумите на Директивата за птици на Европската Унија, паркот е важно живеалиште за птиците (Важна област за птици - IBA).
Поврзано
Заштитени подрачја во Хрватска Привремен список на места на светско наследство во Хрватска
Наводи
Надворешни врски
Мрежна страница на Лоњско Поље
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Земјишни облици во Сисачко-мославинска жупанија Категорија:Заштитени подрачја во Сисачко-мославинска жупанија Категорија:Рамсарски места во Хрватска Категорија:Природни паркови во Хрватска