1578 Вилијам Харви — англиски доктор, познат по опишување на крвотокот. 1755 Жан Антелм Брија-Саварен — француски гастроном и писател. 1776 Мари-Софи Жермен — француска математичарка. 1815 Ото фон Бизмарк — прв канцелар на обединета Германија во 1871 година. 1868 Едмонд Ростан — француски неороматичарски поет и драмски писател. 1873 Сергеј Василевич Рахманинов — руски композитор, пијанист и диригент. 1900 Тоне Селишкар — словенечки писател. 1908 Абрахам Маслов — американски психолог. 1920 Тоширо Мифуне — јапонски глумец. 1924 Миодраг Петровиќ - Чкаља — српски глумец и комичар. 1927 Ференц Пушкаш — унгарски фудбалер. 1928 Валентин Берестов — советски и руски поет, преведувач и историчар. 1929 Милан Кундера — чешки писател. 1932 Деби Рејнолдс — американска глумица. 1939 Али Мекгро — американска глумица. 1940 Вангари Матај — еколог. 1941 Семјуел Дилејни — американски писател на научна фантастика. 1946 Ариго Саки — италијански фудбалски тренер. 1948 Џими Клиф — јамајски реге-музичар. 1953 Бери Соненфелд — американски режисер. 1959 Хелмут Дукадам — романски фудбалски голман. 1959 Маргита Стефановиќ — српска и југословенска рок-музичарка, членка на групата „Екатарина Велика“. 1965 Марк Џексон — американски кошаркар и тренер. 1976 Кларенс Зедорф — холандски фудбалер. 1977 Ајмар Зубелдија — шпански велосипедист. 1979 Ивано Балиќ — хрватски ракометар. 1981 Антонис Фоцис — грчки кошаркар. 1988 Брук Лопез — американски кошаркар.
1 април