1905 Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи. 1945 Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски. 1945 Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија. 1949 Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници. 1968 Борецот за правата на американците со африканско потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД. 1969 Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена. 1973 Во Њујорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11 септември 2001 г. 1975 Основан „Мајкрософт“ (Microsoft) од Бил Гејтс и Пол Ален. 1994 Марк Андерсен и Џим Кларк го основале „Netscape“.
4 април