Кловерфилд (, буквално: Поле со детелини) — американски чудовиштен филм на ужасите со елементи на трилер и акција, во режија на Мет Ривс и произведен од Џеј-Џеј Абрамс. Paramount Pictures спровела вирален маркетинг за да предизвика интерес за филмот. Премиерата се одржала во САД на 18 јануари 2008 г. Филмот е оценет со PG-13. Има слоган: „Нешто нè најде“ (англ. Some Thing Has Found Us). Содржина Група пријатели се впуштаат длабоко во улиците на Њујорк во спасувачка мисија за време на бесен чудовиштен напад.

Производство Џеј-Џеј Абрамс дошол до идеја за новото чудовиште откако со својот син посетил продавница за играчки во Јапонија додека го рекламирал Невозможна мисија 3. Тој објаснил: „Ги видовме сиве овие играчки Годзила и си помислив: 'Ни треба сопствено американско чудовиште, а не како Кинг-Конг. Го сакам Кинг-Конг — прекрасен е. А Годзила е неверојатно чудовиште. Го сакаме Годзила, но сакав нешто што е лудо и бурно'“.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик