мини|Антипапата Климент VII, првиот авињонски папа. Антипапа () или противпапа — лице кое полага право на титулата Римски епископ и водач на Католичката црква, оспорувајќи го правото на некој легитимно избран папа. Антипапите постоеле од III до средината на XV век и биле поддржувани од табори во самата црква и од световни владетели.

Понекогаш е тешко да се разликува кој од двајца правополагачи да се смета за папа, а кој за антипапа, како што е случај со Лав VIII и Бенедикт V.

Историја Иполит Римски (†235) се смета за првиот антипапа, предводејќи своја група во рамките на Црквата во Рим против папата Каликст I. Иполит се помирил со папата Понтијан, и обајцата се чествуваат како светци од Римокатоличката црква со заедничка слава на 13 август. Останува нејасно дали станува збор за помешување на повеќе личности со Иполит и дали самиот Иполит навистина се прогласил за Епископ Римски, со оглед на тоа што тоа не се спомнува во списите припишани нему.

Евсевиј Кесариски ја прераскажува приказната Наталиј од некој претходен авторЦрковна историја, V, 28, каде се вели дека Наталиј бил свештеник од III век кој прифатил епископство од адопционистите, еретичка група во Рим. Наталиј набргу се покајал и со солзи го молел папата Зефирин да го прими во верската заедница.Dictionary of Christian Biography and Literature: Zephyrinus

Новатијан (†258), уште една личност од III век, со сигурност полагал право на Римската Столица како противник на папата Корнелиј, и доколку ги изземеме Наталиј и Иполит поради несигурните податоци, Новатијан би бил првиот антипапа.

Антипапите биле најбројни во периодот на борба помеѓу папите и светите римски цареви во XI и XII век. Царевите честопати наметнувале свои лица кои им оделе во прилог. Папите пак, од своја страна, биле покровители на соперници за престолот (противкралеви) во Германија за да надвладеат над даден цар.

Западниот раскол започнал во 1378 г. кога француските кардинали изразиле незадоволство дека изборот на папата Урбан VI бил неважечки, па го избрале антипапата Климент VII како негов противник. Со време се создале две сопернички линии на антипапи: Авињонската кога Климент VII се вратил во Авињон, и Пизанската. Пизанската, која започнала во 1409 г. е наречена по соборот во Пиза на кој е избран антипапата Александар V како трет правополагач. За да му се стави крај на расколот, во мај 1415 г. е свикан Констанскиот собор каде е соборен антипапата Јован XXIII од Пизанската линија. Папата Григориј XII од Римската линија дал оставка во јули 1415 г. Во 1417 г. соборот формално го разрешил и антипапата Бенедикт XIII од Авињон, но тој решително одбил да отстапи. Потоа е избран папата Мартин V и прифатен насекаде освен во малото подрачје под влијание на Бенедикт XIII кое бргу гаснело.

Список на антипапи

На следнава табела се дадени имињата на антипапите кои се водат на списокот на папи и антипапи во Папскиот годишник (Annuario Pontificio), додавајќи ги Наталиј (и покрај сомнежот за неговата историчност) и Климент VIII (кој имал незначително малку следбеници).

Со ѕвездичка се означени оние кои се вклучени во вообичаените редни броеви на подоцнежните папи со исто име. Почесто антипапата се занемарувал во бројниот редослед; на пример, постоел антипапа Јован XXIII, но новиот папа Јован избран во 1958 г. исто така се нарекувал Јован XXIII.

Така, поради нејасноста на канонското право во средината на XI век и историските факти, Папскиот годишник го наведува Силвестер III како папа, без притоа да даде мислење за неговата легитимност. Католичката енциклопедија го става во Списокот на папи, но со прибелешката: „Некои го сметаат за антипапа“. Други извори го заведуваат како антипапа.

Бидејќи Целестин II дал оставка пред да биде осветен и устоличен за да се избегне раскол, Речникот на папи (2010) од Оксфорд смета дека тој неправедно се смета за антипапа; тоа мислење го дели и историчарот Салвадор Миранда.

Оние со ѕвездичка (*) се пресметани во бројниот ред на подоцнежни папи.

На престолот Име Латински Родено име Место на раѓање Траење на антипството Белешки Противник на ~ 199 – ~ 200 Наталиј Natalius Наталиј ~ 159 Рим, Римско Царство () Подоцна помирен (погл. погоре) Зефирин 20 дек. 217 – 28 сеп. 235 Иполит Римски Hippolytus Иполит 170 Рим, Римско Царство () Подоцна се помирил со папата Понтијан (погл. погоре) Каликст IУрбан IПонтијан мар. 251 – авг. 258 Новатијан Novatianus Новатијан ~ 200 Рим, Римско Царство () Основоположник на новатијанството КорнелијЛуциј IСтефан IСикст II20 апр. 309 – 16 авг. 310 Ираклиј Heraclius Ираклиј ~ 265 Рим, Римско Царство () Евсевиј355 – 26 ное. 365 Феликс II* Felix secundus Феликс ~ 270 Рим, Римско Царство () Поставен од римскиот цар Констанциј II Либериј1 окт. 366 – 16 нов. 367 Урсин Ursicinus Урсин ~ 300 Рим, Римско Царство () Дамас I27 дек. 418 – 3 апр. 419 Евлалиј Eulalius Евлалиј ~ 370 Рим, Римско Царство () Бонифациј I22 ное. 498 – авг. 506/08 Лаврентиј Laurentius Лоренцо Челио ~ 460 Рим, Римско Царство () Поддржан од византискиот цар Анастасиј I Симах22 сеп. 530 – 14 окт. 530 Диоскор Dioscurus Диоскор ~ 450 Александрија () Бонифациј II21 сеп. 687 Теодор Theodorus Теодор ~ 599 Рим, Римско Војводство () Сергиј I21 сеп. 687 Паскал (I) Paschalis Паскале ~ 598 Рим, Римско Војводство () 28 јун. 767 – 6 авг. 768 Константин II Constantinus secundus Константин ~ 700 Рим, Римско Војводство () Помеѓу Павле I и Стефан III31 јул. 768 Филип Philippus Филип ~ 701 Рим, Римско Војводство () Поставен пд пратеник на лангобардскиот крал Дезидериј Стефан III25 јан. – 31 мај 844 Јован VIII Joannes octavus Џовани ~ 800 Рим, Папска Држава () Избран со акламација Сергиј IIјан. 855 – 31 мар. 855 Анастасиј III Anastasius tertius Анастасиј ~ 810 Рим, Папска Држава () Бенедикт III3 окт. 903 – 27 јан. 904 Христофор Christophorus Кристофоро ~ 850 Рим, Папска Држава () Помеѓу Лав V и Сергиј IIIјул. 974 Бонифациј VII* Bonifacius Франко Феручи ~ 900 Рим, Папска Држава () () вкупно 364 дена (364 дена) Помеѓу Бенедикт VI и Бенедикт VII20 авг. 984 – 20 јул. 985 Помеѓу Јован XIV и Јован XVапр. 997 – фев. 998 Јован XVI* Joannes Јован Филагато ~ 941 Росано, Калабрија, Папска Држава () Поддржан од византискиот цар Василиј II Григориј Vјун. 1012 Григориј VI Gregorius Sextus Грегорио ~ 960 Рим, Папска Држава () Бенедикт VIII4 апр. 1058 – 24 јан. 1059 Бенедикт X* Benedictus Decimus Џовани Минчо деи Конти ди Тускуло ~ 1000 Рим, Папска Држава, ( ) Поддржан од тускулумските грофови Никола IIјул. 1061 – 31 мај 1064 Хонориј II Honorius Secundus Пјетро Кадалус 1010 Верона, Папска Држава () Поддржан од Агнеса, намесничка на Светото Римско царство Александар II 25 јун. 1080, 21 мар. 1084 – 8 сеп. 1100Климент III Clemens Tertius Гвиберт Равенски ~ 1029 Парма, Папска Држава () Поддржан од светиот римски цар Хајнрих IV Григориј VIIВиктор IIIУрбан IIПаскал II8 сеп. 1100 – јан. 1101 Теодорик Theodoricus Теодоро ~ 1030 Рим, Папска Држава, () Наследник на Климент III Паскал IIјан. 1101 – фев. 1102 Адалберт Adalbertus Алберт ~ 1046 Атела, Кампанија, Папска Држава, () Наследник на Теодорик8 ное. 1105 – 11 апр. 1111 Силвестер IV Sylvester Quartus Магинулф ~ 1050 Рим, Папска Држава () Поддржан од светиот римски цар Хајнрих V10 мар. 1118 – 22 апр. 1121 Григориј VIII Gregorius Octavus Морис Бирден ~ 1057 Лимузен, Окситанија, Франција () Геласиј IIКаликст II16 дек. 1124 Целестин II Cœlestinus Secundus Теобалдо Бокапечи ~ 1050 Рим, Папска Држава () Хонориј II14 фев. 1130 – 25 јан. 1138 Анаклет II Anacletus Secundus Пјетро Пјерлеони ~ 1090 Рим, Папска Држава () Инокентиј II23 мар. 1138 Виктор IV Victor Quartus Грегорио Конти ~ 1057 Чекано, Папска Држава () Наследник на Анаклет II7 сеп. 1159 – 20 апр. 1164 Виктор IV Victor Quartus Отавио ди Монтечело ~ 1095 Тиволи, Папска Држава () Поддржан од светиот римски цар Фридрих I Александар III22 апр. 1164 – 28 сеп. 1168 Паскал III Paschalis Tertius Гвидо ди Крема ~ 1110 Крема, Папска Држава ( дена)сеп. 1168 – 29 авг. 1178 Каликст III Callixtus Tertius Џовани Струмски ~ 1090 Арецо, Папска Држава ( дена)29 сеп. 1179 – јан. 1180 Инокентиј III Innocentius Tertius Ланцо Сечки ~ 1120 Сеце, Папска Држава ( дена)12 мај 1328 – 12 авг. 1330 Никола V Nicolaus Quintus Пјетро Рајналдучи ~ 1258 Корваро, Папска Држава ( дена) Поддржан од светиот римски цар Лудвиг IV Јован XXII 20 сеп. 1378 – 16 сеп. 1394 Климент VII Clemens Роберт Женевски 1342 Анси, Франкија ( дена) Авињон Урбан VI Бонифациј IX 28 сеп. 1394 – 23 мај 1423 Бенедикт XIII Benedictus Педро де Луна 25 ноември 1328 Иљуека, Арагон ( дена) АвињонИнокентиј VIIГригориј XIIМартин V25 јун. 1409 – 3 мај 1410 Александар V* Alexander Пјетро Филарги ~ 1339 Крит, Венецијанска Република ( дена) Пиза Григориј XII 25 мај 1410 – 29 мај 1415 Јован XXIII Ioannes Vicecimus Tertius Балдасаре Коса ~ 1365 ( дена) Пиза10 јун. 1423 – 26 јул. 1429 Климент VIII Clemens Octavus Хил Санчес Муњос и Карбон 1370 Теруел, Арагон ( дена) Авињон Мартин V1424 – 1430 Бенедикт XIV Benedictus Quartus Decimus Бернар Гарние 1370 Франција ( дена) Наследник на Бенедикт XIII, наречен „Скриениот папа“1430 – 1437 Бенедикт XIV Benedictus Quartus Decimus Жан Карие ~ 1370 Франција ( дена) 5 ное. 1439 – 7 апр. 1449 Феликс V Fœlix Војвода Амадеј VIII Савојски 4 септември 1383 Шамбери, Савоја () Избран на Базелскиот собор Евгениј IV Никола V

Современи правополагачи Антипапи постојат и денес, но сите тие се незначајни, без поддршка од ниеден кардинал. Такви примери се Палмаријанците, Апостолите на бескрајната љубов и непознат број на разни седевакантистички правополагачи.

Поврзано Западен раскол Седевакантизам Папска конклава Список на папи

Наводи

Надворешни врски Антипапа, Католичка енциклопедија Антипапа, Енциклопедија Британика Антипапа , Енциклопедија на папите

Категорија:Црковни титули Категорија:Историја на папството