Фуриоза: Сага за Лудиот Макс () — постапокалиптичен акционен авантуристички филм на австралискиот режисер Џорџ Милер, ретропродолжение на филмот Лудиот Макс: Пат на бесот, за тинејџерските години на Фуриоза, играна од Ања Тејлор-Џој. Неговата премиера се одржала на 15 мај 2024 г. на Канскиот кинофестивал, а на 24 мај истата година филмот излегол по кината. Во Македонија, премиерата била на 23 мај истата година.
Содржина Дејството се одвива 15 до 20 години пред настаните на Лудиот Макс: Пат на бесот, во пустелија каде што војсководците се борат за последните преостанати извори на вода, храна, оружја и бензин, филмот го следи животот на младиот насловен лик (Фуриоза) од нејзиното грабнување од страна на силите на војсководецот Дементус (Хемсворт) па сѐ до нејзиното одмаздување на војсководецот за загубата на нејзината мајка.
Улоги ГлумецУлогаАња Тејлор-Џојимператорката ФуриозаКрис ХемсвортДементусТом БеркПреторијанецот ЏекЛејчи ХјулмБесмртниот ЏоНејтан ЏонсРиктус ЕректусЏош ХелманСкабрус СкротусЏејкоб ТомуриМакс Рокатански
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски акциони филмови