Александар Ставре Дренова (11 април 187211 декември 1947), познат под акронимот Асдрени, — албански поет, преродбеник, преведувач, писател и автор на поемата која подоцна станала национална химна на Албанија. Тој се смета за еден од највлијателните албански писатели на 20 век.
Биографија Роден е на 11 април 1872 во православно семејство во селото Дреново во близина на Корча, во тој период во рамките на Османлиското Царство. Учел во грчкото училиште во неговото родно село, а само што го продолжил образованието во Корча починал неговиот татко, Ставри Тимиу.
Корчанскиот крај бил емигрантски, што дополнително се засилило после земјотресот во 1879. Александар емигрирал во Букурешт во 1885 каде што биле неговите постари браќа.
Во Романија, Асдрени се поврзал со други албански интелектуалци и писатели со кои започнал да ја јакне албанската дијаспора за борба за национално ослободување. Пред тоа, тој бил силно инспириран од Јероним де Рада и Наим Фрашери како и од Албанската преродба во која Албанците се осознаа како нација која го заслужува правото на самоуправување.
Наводи
Категорија:Писатели на државни химни Категорија:Албански писатели