Индиска Плоча — помала тектонска плоча што го опчекорува екваторот на источната полутопка. Првобитно била дел од древниот континент Гондвана, а потоа се отцепила од другите делови на континентот пред 100 милиони години и почнала да се движи на север, со себе носејќи ја Островска Индија. Некогаш била сврзана со соседната Австралиска Плоча образувајќи една Индоавстралиска Плоча; поновите изучувања покажуваат дека овие две плочи се одвоиле пред барем 3 милиони години. Индиската Плоча ја опфаќа речиси сета Јужна Азија (Индискиot Потконтинент) и дел од Индискиот Океан, вклучувајќи делови од јужна Кина, западна Индонезија,Sinvhal, Understanding Earthquake Disasters, p. 52, Tata McGraw-Hill Education, 2010, и се протега сè до Ладак, Кохистан и Белуџистан, но не ги вклучува.M. Asif Khan, Tectonics of the Nanga Parbat syntaxis and the Western Himalaya, p. 375, Geological Society of London, 2000, Srikrishna Prapnnachari, Concepts in Frame Design, page 152, Srikrishna Prapnnachari, A. M. Celâl Şengör, Tectonic evolution of the Tethyan Region, Springer, 1989,

Движења на плочата мини|исправено|десно|Поради тектониката на плочите, островска Индија, сместена врз Индиската Плоча, се одвоила од Мадагаскар и се судрила (пред 55 мг) со Евроазиската, со што настанале Хималаите.

Сè до пред 140 милиони години, Индиската Плоча била дел од суперконтинентот Гондвана, заедно со денешна Африка, Австралија, Антарктикот и Јужна Америка. Гондвана се распаднала кога овие континенти се оддалечиле со различни брзини; во овој процес се отворил Индискиот Океан.

Во доцната креда, пред 100 милиони години и по расцепувањето на Гондвана, Индиската Плоча се одвила од Мадагаскар и со тоа се создала Островска Индија. Таа почнала да оди на север во стапка од 20 см годишно, и се смета дека почнала да се судира со Азија пред 55 милиони години, во еоценската епоха на кенозоикот. Меѓутоа, некои стручњаци сметаат дека судирот помеѓу Индија и Евроазија се случил многу подоцна, пред 35 милиони години. Ако судирот се случил пред 55-50 милиони години, Индиската Плоча би пропатувала растојание од 3.000 до 2.000 км, движејќи се побрзо од било која плоча.

Во 2007 г. германски геолози изложиле мислење дека Индиската Плоча се движела толку бргу поради тоа што таа е двојно потенка (100 км) од другите плочиЛитосферните корени на Јужна Африка, Австралија и Антарктикот се дебели 300 до 180 км. () Погл. и кои првично ја сочинувале Гондвана. Плаштовата перјаница која ја распарчила Гондвана може да го стопила долниот дел на Индискиот Потконтинент, што би овозможило побрзо движење и помсетување на подолги растојанија. Остатоците од оваа перјаница денес ги сочинуваат Марионската (Острови на Принцот Едвард), Кергеленската и Реинионската Врела Точка. Како што Индија се движела на север, можно е Индиската Плоча уште повеќе да се истенчувала минувајќи врз врелите точки и магматски истисоци во Деканските и Таџмахалските Трапови. Постои теорија дека огромните количества на вулкански гасови ослободени при минувањето на Индиската Плоча преку врелите точки играле улога во Кредно-палеогенското изумирање, кое начелно се смета дека е последица од голем астероиден удар.

Меѓутоа, во 2020 г. геолозите од Оксфордскиот универзитет и Институтот „Алфред Вегенер“ заклучиле дека новите модели на плочно движење покажуваат зголемени брзини кај сите средноокеански гребени за време на доцната креда, што е противречно на тековните теории за тектониката и побивање на хипотезата за истисок од перјаница. Перес-Дијас заклучува дека забрзаното движење на Индиската Плоча е само привид, предизвикан од големите грешки во времеодредувањето на геомагнетниот пресврт околу Кредно-палеогенската граница; во трудот се вели дека ако ја преиспитаме временската скала, ќе видиме дека немало забрзување.

Судирот со Евроазиската Плоча долж границата меѓу Индија и Непал создал орогенетски појас кој ги создал Тибетската Висорамнина и Хималаите со натрупување на талогот како земја кога се ора со плуг.

Индиската Плоча моментално се движи североисточно со стапка од 5 см годишно, а Евроазиската Плоча се движи на север со само 2 см годишно. Ова предизвикува изобличување на Евроазиската Плоча, додека пак Индиската Плоча се набива со стапка од 4 мм годишно.

Географија Западната страна на Индиската Плоча има трансформна граница со Арапската Плоча наречена Овенов Прелом, како и раздвојувачка граница со Африканската Плоча наречена Средноиндиски Гребен. Северната страна на плочата е приближувачка граница со Евроазиската Плоча каде се образувани Хималаите и венецот Хиндукуш, наречена Главен Хималајски Потисок.

Поврзано Индиски Потконтинент Индоавстралиска Плоча

Наводи

Литература

Надворешни врски

Судирот на Индија со Азија (пред 90 милиони години - денес), PALEOMAP

Категорија:Тектонски плочи Категорија:Геологија на Индија Категорија:Геологија на Пакистан Категорија:Геологија на Индискиот Океан