мини|270x270пкс|Сезона 1984/85 година Играчите на ФК „Пелистер“: Драган Банковиќ, Неџат Хусеин, Бранко Божиќ и Мирко Петров, сликани на стадионот „Тумбекафе“ во Битола Мирко Петров (роден на 1 ноември 1956 година) — поранешен македонски професионален фудбалер кој играл како напаѓач.

Кариера Откако играл за македонските второлигашки клубови Работнички и Тетекс, Петров се приклучил на реномираниот југословенски прволигаш Хајдук. Но, неговиот двегодишен престој во оваа екипа бил одбележан со мал број на настапи. Во првата сезона одиграл еден натпревар во националниот шампионат (против Вележ Мостар) по што бил суспендиран цела сезона бидејќи не бил уредно пријавен за Хајдук. Исто така, во текот на таа сезона играл и на натпреварот од УЕФА Купот против Валенсија. По заминувањето од Хајдук, тој станал важен дел од екипите Пелистер и Вардар. Со Вардар, тој го освоил Југословенското првенство во 1987 година,Profile - FK Vardar пред титулата да му биде доделена на ФК Партизан откако нивното одземање на шест бода било поништено. Тој, исто така, заминал во странство да игра сезона и половина за шпанскиот второлигаш Реал Бургос.

Личен живот Неговиот син, Филип Петров е исто така фудбалер.

Наводи

Надворешни врски

статистика статистика статистика статистика

Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1956 година