Линотопска Пештера или Пештера на Партизанската болница (, Спилео Носокомио Андартон) — пештера во планината Грамошта, Костурско, Егејска Македонија.

Опис Пештерата е сместена во планината Грамошта, југозападно од поранешното село Линотопи, по која е наречена. Таа е составена од варовници од горната креда во Пелагониската зона.

За време на Граѓанската војна (1946–1949) пештерата била користена од ДАГ како планинска болница. Во две дупки се откриени недатирани фрагменти од рачно изработена керамика.

Наводи

Категорија:Пештери во Егејска Македонија Категорија:Нестрам Категорија:Грамошта Категорија:Грчка граѓанска војна