Филип Антовски (роден 24 ноември 2000 година) — македонски фудбалер кој игра на позицијата лев бек за ФК Академија Пандев.

Клупска кариера Професионалната кариера Антовски ја започнал на 17-годишна возраст со дебито за Вардар во Првата македонска фудбалска лига во април 2018 година. Тој ги одиграл сите 90 минути на своето деби, а исто така направил и асистенција. Во февруари 2019 година го направил својот прв професионален трансфер во странство, потпишувајќи за хрватскиот Динамо Загреб каде требал да игра за нивниот втор тим, настапувајќи во Втората хрватска фудбалска лига. По 18 месеци настап за Динамо II, Филип бил испратен на позајмица во бугарската Славија Софија за да игра во Првата бугарска професионална фудбалска лига. На 18 октомври 2020 година, тој, исто така, го направил своето првенствено деби за Славија, во победата од 1–0 против Левски Софија.

На 2 јули 2021 година потпишал за Австрија Виена во Австрија.

Меѓународна кариера Антовски го направил своето меѓународно деби за Фудбалската репрезентација на Македонија под 21 година на 22 март 2019 година на пријателскиот натпревар против Украина каде се нашол во почетниот состав и одиграл 73 минути. Натпреварот се одиграл на неутрален терен во Турција и завршил со пораз од 3-1 за Македонија. Претходно имал бројни настапи и за Фудбалска репрезентација на Македонија под 18, 19 и 20 години.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Академија Пандев Категорија:Фудбалери на ПФК Славија (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Спортисти од Куманово Категорија:Родени во 2000 година