мини|300x300пкс| Западниот раб на Љубљанското мочуриште, гледано од ридот Света Ана над Подпеч Љубљанското блато (на словенечки: Ljubljansko barje), кое се наоѓа јужно од Љубљана, главниот град на Словенија, е најголемото мочуриште во земјата. Зафаќа 163квадратни километри или 0,8% од територијата на Словенија. Со него управуваат општините Боровница, Брезовица, Љубљана, Иг, Лог-Драгомер, Шкофљица и Врхника.
Биодиверзитет Љубљанското блато е место со голем биодиверзитет. Од 2008 година, најголемиот дел од Љубљанското блато, зафаќа површина од 135 км², е заштитен како пејзажен парк. Најзачуваните делови веќе претходно биле заштитени како природни резервати и како природни споменици.
Историја Љубљанското блато било населено уште во минатото, кога претставувало плитко езеро. Праисториските наколни живеалишта и најстарото дрвено тркало во светот се меѓу најзначајните археолошки пронаоѓања од мочуриштето. Ископувањата во областа биле предводени од Татјана Брегант од 1969 година. Од 2011 година, областа на наколни живеалишта во близина на Иг е заштитена како светско наследство на УНЕСКО.
Првиот пат низ мочуриштето, кој ја поврзува Љубљана со Студенец (сега Иг ), бил започнат во 1825 година и завршен во 1827 година. Работата била извршена во времето на градоначалникот Јохан Непомук Храдечки (1775–1846) и гувернерот на провинцијата, баронот Џозеф Камило фон Шмидбург (1779–1846). Австрискиот император Франц I и Баваријанската царица Каролина Аугуста го прегледале патот во 1830 година, а споменикот бил подигнат во чест на достигнувањето во 1833 година.
Мали села во мочуриштето Во мочуриштето има голем број на села кои припаѓаат на градот Љубљана: Иловица, Волар, При Страху, При Маранзу, Кожух и Хавптманче (од север кон југ). Иловица која била населена релативно доцна, почнувајќи од 1838 година, до 1860 година постоеле само 6 фарми. Волар се наоѓа помеѓу реките Ишчица и Љубљаница и бил населен по 1830 година, кога и официјално бил означен како Каролинска земја, буквално „земјата на Керолина“, во чест на Каролина Аугуста од Баварија. Кожух се наоѓа појужно, а Хавптманце источно од Кожух. Хавптманце (исто така се пишува Haupt - и -man(i)ca или -manice ) веќе се споменува како место во 18 век и било населено во 1870-тите, кога екстракцијата на тресет била главна економска активност. Името веројатно се однесува на фактот дека провинцискиот гувернер имал свои ловишта во околината.
Рекреативно-туристички локалитет мини| Балон слетува во мочуриштето Љубљанското мочуриште е многу познато и популарно меѓу балонистите.
Несреќа
На 23 август 2012 година, пилот кој немал важечки сертификат за пилот предизвикал пад на балон во Љубљанското мочуриште, при што неколку луѓе го загубиле животот, а голем број патници биле тешко изгорени и повредени. Нов, построг протокол за пилотите бил воведен од властите за да се направат безбедни патувањата со балон.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Блата во Словенија