Еврејска автономна област200п|Знаме на Еврејската автономна област 100п|Грб на Еврејската автономна област =Положба во Русија+Далекуисточен федерален округ во Русија Држава: Русија Округ: Далекоисточен Основана: 1934 Површина: 36.000 км2 Население: 190.915 ( 2002) Главен град: Биробиџан Густина на население: 5,3 жит. на км2
thumb|300px|right|Плоштадот во Биробиџан Еврејската автономна област (рус Еврейская автономная область), (јидиш -ייִדישער אױטאָנאָמע געגנט/Yidisher Oytonome Gegnt) е автономна област во Русија. Еврејската автономна област е дел од Далекуисточниот федерален округ и се граничи со Хабаровскиот крај и Амурската област во Русија и со покраината Хејлунгѓанг во Кина. Еврејската автономна областУстав на Русија, Член 65 е единствена еврејска територија покрај Израел со официјален статус.
Историја Основана е за време на Сталин во 1928 и требала да послужи како нова матична држава за сите Евреи од СССР. Во прво време оваа идеја била позитивно оценета помеѓу Евреите. Меѓутоа, поради острата клима, но и политиката на Сталин во 1930-те години, малку Евреи се одлучиле за живот во оваа област. Максималната концентрација на Евреи била достигната непосредно после Втората светска војна кога се сметало дека областа е прибежиште за еврејските бегалци. Тогаш третина од населението биле Евреи. Со основањето на Израел, опаднал интересот за живот во оваа далечна територија, така што во неа денес живеат само околу 2.300 Евреи.
Површината е 36.100 км2, а живеат 186.541 луѓе (податоци од 2006).
Население Според рускиот попис (2002) Еврејската автономна област има 190,915 жители.
Етнички групи по бројност се: Руси 171,697 (89.93%) Украинци 8,483 (4.44%) Евреи 2,327 (1.22%) Татари 1,196 (0.63%) Белоруси 1,182 (0.62%) Молдавци (0.35%) 594 Азери (0.31%) 453 Германци (0.24%) 402 Корејци (0.21%) 401 Мордовијанци (0.21%) 320 Чуваши (0.17%) 282 Ерменци (0.15%) 188 Башкирци (0.10%) 156 Узбеци (0.08%) 148 Полјаци (0.08%) 132 Роми (0.07%) 128 Таџици (0.07%), 103 Мари 102(0.05%) Кинези 102 (0.05%)
Вкупно се евидентирани 95 различни етнички групи. Наталитетот е за една мерна единица повисок од севкупниот руски просек.
Категорија:Автономни области во Русија
Категорија:Манџурија Категорија:Руски Евреи Категорија:Држави и територии настанати во 1934 година Категорија:Далечен Исток (Русија)