Нejтан Кристофер Филион (роден на 27 март 1971 година) — канадски и американски актер. Познат е по главните улоги како капетанот Малколм „Мал“ Рејнолдс во Светулка и неговото филмско продолжение Серенити, и на Ричард Кесл во Кесл. Од 2018 г. ја игра улогата на полицаецот Џон Нолан во Гуштерот (The Rookie) и е извршен продуцент на серијата.

Филион глумел во филмови како Влкачи и Камионџија, телевизиски сапуници, ситкоми и театар. Неговиот глас се користи во анимации и видео игри.

Филион првпат добил признание за својата работа во Еден живот за живеење, за која бил номиниран за наградата „Дневна Еми“ за најдобар помлад глумец во драмска серија, како и за споредната улога како Џони Донели во ситкомот Двајца момци и девојка.

Филион добил почесна титула доктор по право на 30 мај 2025 година од Универзитетот Конкордија во Едмонтон.

Филантропија Во 2007 година, Филион и авторката ПЈ Харсма ја основале непрофитната организација „Децата треба да читаат“, за да помогнат во инспирирањето на детската имагинација преку обезбедување повеќе книги во недоволно финансираните библиотеки.

Соработката на Филион со „Чарити: Вотер“ собрала донации во вредност од над 60.000 долари во 2019 година.

Наводи

Надворешни врски

Article at thecanadianencyclopedia.ca Категорија:Натурализирани Американци Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Канаѓани со норвешко потекло Категорија:Родени во 1971 година