мини|259x259пкс|Историски трговски брод: Холандски товарен брод од типот „флајт“, кој потекнува од крајот на XVII век. Трговски брод — име за брод што е изграден и служи првенствено за трговски цели, најчесто за превоз на товар (товарни бродови) и патници (патнички бродови). Собирот од сите трговски бродови ја сочинува трговската морнарица на една земја. Повеќето држави во светот поседуваат флоти од трговски бродови.

Во воени услови, трговските бродови се користат како испомош на воените морнарици, на пример за превоз на луѓе и материјали. Трговските бродови можат да бидат: моторни бродови, пароброди, моторни танкери или танкери едреници, моторни јахти, бродови на веслање итн. Исто така, трговските бродови можат да бидат поделени според нивната намена и големина.

Морнарите понекогаш го нарекуваат трговскиот брод „трговец“.

Видови Според намената и видот на товарот, бродовите се делат на: Товарни бродови Бродови за насипен товар (за руда, јаглен, цемент и сл.) Контејнерски брод Танкер Патнички бродови Крстосувачи Траект Бродови за специјални товари Противпожарни бродови Прекуокеански бродови Бродови за превоз на возила Рибарски брод Речни бродови

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Морско право

Категорија:Видови бродови