Jin-Roh (, буквално: Луѓето волци) — долгометражен аниме-филм на режисерот Хиројуки Окиура од 1999 г.Jin Roh: The Wolf Brigade Blu-ray Discotek Media. Retrieved on 2021-5-01.
Содржина Алтернативна реалност, 50-тите години на XX век. Јапонија по Втората светска војна е окупирана од Германија. За време на извршување на задача, Фусе, член на единицата за специјални намени, станува причина за смртта на една млада терористка. Набргу потоа, тој наизглед случајно се запознава со нејзината постара сестра и помеѓу нив започнува романса... Романса слична на страшната бајка за Црвенкапа, книгата што на Фусе му ја подарува неговата нова пријателка.
Со секоја прочитана страница, светот околу нив почнува да се менува и да се распаѓа. Вителот од настани — лагата и вистината што не можат да се разликуваат, предавствата и политичките интриги, соништата и халуцинациите, грабливците и жртвите — уште еднаш ни докажува дека најопасното од сите животни е токму човекот.
Гласовни улоги
| Јошикацу Фуџики || Казуки Фусе |- | Суми Муто || Кеи Амемија |- | Хиројуки Киношита || Ацухи Хеми |- | Јошисада Сакагучи || Хачиро Тобе |- | Ери Сендаи || Нанами Агаво |- | Кенџи Накагава || Исао Анија |- | Рјуичи Хорибе || Широ Тацуми |- | Јукихиро Јошида || Хаџиме Ханда |- | Јукио Хирота || Бумеи Мурото |- | Тамио Оки || офицер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1999 година Категорија:Филмови на јапонски јазик Категорија:Јапонски филмови Категорија:Аниме-филмови