Ajuga piskoi е тревесто, цветно растение од семејството Усноцветни кое потекнува од Грција, Македонија и Албанија. Првпат е опишано во 1896 година. Во Македонија се посочува за западните ограноци на планината Галичица, јужно од селото Пештани.

Ботанички опис Повеќегодишно тревесто растение кое расте до 50 см во височина."Флора на Македонија", Владо Матевски: Флора на РС Македонија, Том 2, св. 2, МАНУ, Скопје, 2021, стр. 211 Стеблото е вертикално, разгрането, базалните и долните листови јајцевидни, грубо и раздалечено назабани, со ретки четинасти влакна. Листовите се јајцевидни, долги 5-8,5 см, грубо и широко забиени. Цветовите со многу куса дршка собрани во пршлени собрани по 2 во пазувите на прицветните листови. Прашниците се влакнести филаменти и излегуваат надвор од венечната трубичка. Овој вид се наоѓа на сончеви места во листопадни шуми и грмушести предели, обично на тревни чистини или покрај патишта. Цветовите жолтобели со виолетови чашки во јуни и јули. Се смета за вид кој е многу редок поради уништување на шумите.

Надворешни врски greekflora.gr ecured.cu

Наводи

Категорија:Приземни растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа