Пилорик (, Пендаплатанос, книжевно: Πενταπλάτανον, Пендаплатанон; до 1927 г. Πυλωρίκ, ПилорикΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πυλωρίκ -- Πηλωρύγι, до 1954 г. Πηλορύγι, ПилоригиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πηλορύγιον -- Πενταπλάτανον) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Според проценка од 2019 г. местото брои околу 1.015 жители. До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои денес се малцинство. Денес не важи за самостојно село, туку се вбројува во градот Пазар како негова населба.
Географија Селото е сместено во јужното подножје на планината Пајак, 2 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Поради близината до градот, со време станало негово предградие и добило урбан карактер.
Историја Праисторија Во околината на селските гробишта има праисториска населба, која во 1986 г. е прогласена за културно-историски споменик.
Во Отоманското Царство мини|десно|250п|Друг поглед на старата црква. Во XIX век Пилорик е забележано како чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Пилорики (Πυλωρίκη) било село со 30 христијански семејства.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пилорик броел 166 жители Македонци.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.126. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пилорик (Pilorik) имало 216 Македонци, сите под егзархијата.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103. Во селото работела бугарската пропаганда со едно училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Пилуриќ било македонско со 20 куќи.
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г напишал за селото:
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Πιλορίκιον) има 219 егзархисти.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото имало 35 македонски христијански куќи.
Во Грција Во Првата балканска војна селото е окупирано од грчката војска. Бугарските цркви и училишта се затворени.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 184 Истата 1912 година е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 291 лице, од кои 159 мажи и 132 жени. На пописот од 1920 г. Пилорик имал 263 жители.
По 1924 г. властите насилно иселиле 132 жители во Бугарија, (30 семејства во Горен Воден, денес во Асеновград)Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр.94) и на нивно место довеле грчки. Одземени се 44 имоти на преселените жители. Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано со 252 жители, од кои 180 биле дојденци (45 семејства). Претходната 1927 г. е преименувано во грцизираниот облик Пилориги, а во 1954 г. му е дадено сосем грчкото име Пендаплатанон.
Во 1940 г. Пилорик веќе имал 569 жители поради меѓувремено сместување на дополнителни грчки колонисти. Според статистиката на НОФ, во 1927 г. во селото имало 185 Македонци, 17 Власи, а останатие биле грчки дојденци. Во следните десетлетија населението се зголемило уште повеќе, и наизменично растело и опаѓало, а потоа доживеало и позасилен развој. Пописот 2001 г. е последниот на кој Пилорик се води како самостојно село со 956 лица, за да биде припоен кон Пазар во следното десетлетие. Се претпоставува дека денес има околу 1.015 жители,Пилорик на GeoNames иако повеќе не се брои посебно.
Население
Стопанство Иако има градски карактер поради близината до Пазар, населението сепак се занимава со одгледување на жито и памук, а делумно е застапено и сточарството.
Цркви „Св. Атанасиј“ од почетокот на XIX век
Личности Божин Ѓорев (1875 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 192. Димо Ат. Дараданов — деец на Илинденската организација во НесебарБабев, Иван. Помним делата ви, НСА Прес, 2013 г., стр.76. Јоанис Андраманос (Ιωάννης Ανδραμάνος) — гркомански андартски деец, четник Велика Ромова (Πασχαλίνα Ρώμα, Пасхалина Рома, ? - 1904) — гркоманка, андарстски деец од III клас, учителка во селото, убиена од ВМРО, ќерка на Антон Касапов, претседател на грчкиот комитет во Пазар Трајан (Трае) Иванов (1876 – ?) — борец во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 302. Христо Атанасов — борец во Балканските војни од четата на Ичко Димитров, Штипска дружина„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72. Веројатно истоветен со Христо А. Митонов. Христо А. Митонов (1879 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 452.
Поврзано Солунско Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Постол