мини|Прва страница од „Филозофијата на мебелот“, објавена во списанието „Бартон џентлменс“, мајско издание 1840 година „Филозофијата на мебелот“ претставува есеј напишан од американскиот автор Едгар Алан По и бил објавен во 1840 година во кој биле претставени теориите на По за внатрешно уредување.

Преглед По започнува со сугестија дека Англичаните се „врховни“ примери за внатрешна декорација и биле над Италијанците, Французите, Кинезите, Шкотланѓаните, Холанѓаните, Шпанците и Русите, а „Јенките“, вели тој, „се апсурдни“.

Тој го обвинувал овој неуспех на Американците поради недостатокот на аристократија по крв, наместо тоа имајќи „аристократија од долари“. Поради тоа, декорацијата во Америка станале „обична парада на скапи додатоци“ за да се создаде „впечаток на убавото“. Тој го споредува ова со Англија, каде што богатството не е највисоката амбиција за конституирање на „благородништво“.

Како резултат на тоа По рекол: „нема ништо што е подиректно навредливо за окото на еден уметник од ентериерот на она што во Соединетите Држави се нарекува... добро опремен стан“.

Бидејќи уредувањето соби е форма на уметност, треба да се оценува слично како и секое друго уметничко дело. Елементите на една соба треба добро да се комбинираат, исто како во слика.

По почнувал да ги дава своите совети, почнувајќи со завесите. Прекумерната драперија, вели тој, е „неспоива со добриот вкус“. Завесите треба да се избираат врз основа на општиот карактер на собата. Тој воедно ставил силен акцент на теписите, кои ги нарекол „душата на станот“. Од тепихот можеле да се утврдат боите и формите на остатокот од собата.

Тој препорачува шари „без значење“, бидејќи „не треба да се толерира гнасноста на цвеќињата или претставите на добро познати предмети од каков било вид“. Теписите, завесите, таписериите, па дури и отоманските прекривки и тапацирите од каков било вид требало да бидат „круто арабески “. Шарените шари „славни со сите нијанси“ се платнена верзија на калеидоскоп и им служеле само на обожавателите на Мамон.

Осветлувањето со гас било „неприфатливо“ за По, бидејќи е грубо и нестабилно: „Никој што има и мозок и очи нема да го користи“, вели тој, додека во исто време ги отфрла големите лустери како „квинтесенција на сè што е лажно по вкус или апсурдно по глупост“.

Во есејот, По продолжил со критиките кон земјата на која ѝ недостасува естетски вкус и го припишал вишокот во американските домови на влошување на вредностите, а понатаму изразил загриженост за потрагата по долари и углед во американското општество.Silverman, Kenneth. Edgar A. Poe: Mournful and Never-Ending Remembrance. New York: Harper Perennial: 149. .

Идеалната соба на По Идеалната соба на По била правоаголна, долга околу 30м и широка 20м. Требало да има само една врата, не премногу широка, со два прозорци од другата страна, а прозорците требало да бидат големи, до подот, и да се отвораат кон веранда, со рамки од розово дрво, „помасивни од вообичаеното“. Двоен слој од сребро и „исклучително богата црвена свила“ со златни јажиња што ги врзуваат. Тие нијанси на црвена и златна, вели тој, треба да одекнуваат низ целата соба за да се одреди нејзиниот „карактер“. Тепихот, особено, треба да одговара на овие тонови.

Ѕидовите требало да бидат обложени во сребрено-сива боја со мали, црвени арабески дизајни. На ѕидовите требало да висат релативно големи слики, „главно пејзажи“ и три или четири портрети на жени со „етерска убавина“, насликани во стилот на Томас Сали и закачени рамно на ѕидовите, а не со врвки.

Во просторијата требало да биде вклучено само едно огледало, кое требало да биде кружно и закачено „така што од него не може да се добие одраз на личноста на ниту едно од обичните места за седење во просторијата“.

Тој, исто така, барал две големи софи со црвена свила украсени со скромен златен цветен дезен со соодветни „столици за разговор“, а воедно требало да се остави пијано од розово дрво со видливи клавиши.

Собата треба да има и осумаголна мермерна маса, оставена непокриена и „двесте или триста величествено поврзани книги“.

Историја на објавување „Филозофијата на мебелот“ првпат била објавена во мајското издание на списанието „Бартон џентлменс“ од 1840 година, а подоцна повторно објавена во Бродвеј џурнал на 3 мај 1845 година, како „Куќа на мебел“.Sova, Dawn B. Edgar Allan Poe: A to Z. New York: Checkmark Books, 2001: 186.

Напишана е во период во кој По создал широк спектар на дела од „екстреми на висок дискурс и слапстик“, според биографот Кенет Силверман, меѓу кои и „Разговорот на Еирос и Чармион“, „Деловниот човек“ и „Човекот што беше истрошен“.Silverman, Kenneth. Edgar A. Poe: Mournful and Never-Ending Remembrance. New York: Harper Perennial: 147. .

Во популарната култура десно|мини|Читалната на Националниот историски локалитет „Едгар Алан По“ ја пресоздава „Филозофијата на мебелот“. Националниот историски локалитет „Едгар Алан По“ во Филаделфија, Пенсилванија, рекреирал соба базирана на „Филозофијата на мебелот“ и е единствената опремена соба на локацијата.

Била наречена „Читална“, и ги содржела собраните дела на По (некои дела на други јазици) и аудио запис инспириран од По. Собата вклучувала репродукција на слика од Сали и маса со 8 страни, како што препорачал По.

Делото на Роберто Болањо од 1996 година, Нацистичка литература во Америка, го цитирал Поевото дело „Филозофија на мебелот“ во својот запис за делото на фиктивната аргентинска поетеса Еделмира Томпсон де Мендилусе. Записот го опишува нејзиното создавање на книга насловена Собата на По. Ова дело го земало есејот на По како појдовна точка, што доведува до создавањето на Мендилусе на несовршена реплика на собата на нејзиниот ранч Азул, а во него се обработени оригиналниот есеј, како и нејзиниот последователен процес на толкување на неговите упатства и конечниот, донекаде изменет резултат.

Наводи

Надворешни врски

Publications of "The Philosophy of Furniture" from the Edgar Allan Poe Society of Baltimore

Категорија:Дела на Едгар Алан По