Враца (, ) — висок превој на планината Грамошта, на границата помеѓу Нестрамско, Егејска Македонија и Деволско, Албанија.

Описа Превојот се наоѓа во северозападниот дел на Грамошта и го сече истоимениот срт Враца. Ја поврзува долината на Слимничка Река (притока на Бистрица) во Егејска Македонија со долината на Вигишта (притока на Девол) во Албанија. Пред воспоставувањето на границата меѓу Албанија и Грција низ превојот минувал патот од Слимница за Арза и Ќутеза.

Поврзано Враца (срт) Слимнички Превој Грамошта Албанско-грчка граница

Наводи

Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Грамошта Категорија:Нестрам (општина) Категорија:Девол Категорија:Албанско-грчка граница