мини|десно|250п|Валовишта во 1919 г. Валовишта или Демир Хисар (, Сидирокастро; , Демирхисар) — мал град во Егејска Македонија, денес седиште на општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Во 2021 г. броел 5.181 жител.
Географија Градот се наоѓа на 25 км северно од Сер и на 15 км од граничниот премин Кулата – Драготин на бугарско-грчката граница, по Европскиот пат E79 кој ја поврзува Орадеја во Романија со Солун. Валовишта се наоѓа во Серското Поле меѓу планините Сенгелска и Шарлија. Изграден е амфитеатрално во западното подножје на ридот Хисар. Низ градот минува реката Белица (Крушевска Река), лева притока на Струма, која го двои на два дела, поврзани со неколку убави моста. Кај градот има минерални бањи, познати по лековитите својства.
Историја Антика Во грчката историографија традиционално до почетокот на XXI век е застапено гледиштето дека првите посведочени жители на овој крај во антиката биле тракиското племе Синти, спомнати од Хомер, Херодот и Тукидид. Античките автори наричат областа Синтика, а неин центар е град Хераклеја Синтика. Во 2002 г. е докажано дека Хераклеја Синтика е античкиот град кај селото Рупите, Петричко.Георги Митрев, Тодор Тараков, CIVITAS HERACLEOOTARUM – Новооткрит епиграфски паметник с името на античния град при Рупите, Петричко. Виж: сп. Археология, 2002, кн. 4,25 – 32.Lepelley, Claude. Une inscription ďHeraclea Sintica (Macédoine) récemment découverte, révélant un rescrit de ľempereur Galère restituant ses droits à la cite. in: Zeitschrift für Papyrologie und Epigraphik, 146 (2004), 221 – 231.
Средновековие лево|мини|250px|Средновековната тврдина Хисар
Во средновековието Валовишта била погранична тврдина на работ на Византија и често преоѓала од границите на една во границите на друга држава. Според грчките историчаро имено во околината на Валовишта кај селото Рупел се одиграла решителната Беласичката битка од 1014 г. меѓу војските на македонскиот цар Самуил византискиот цар Василиј II. Затоа по влегувањето на област во Грција селото Рупел е преименувано во Клиди.Според повеќето историчари клисурата Клиди (на грчки клуч) во која се одиграла битката не е Рупелската Клисура на Струма, туку долината на реката Струмешница меѓу Беласица и Огражден кај селото Клуч.
Името Валовишта се спомнува во една дарителска грамота на царот Алексиј I Комнин од 1081 г. за светогорскиот манастир Космидион. Византиската писателка Ана Комнина напишала дека во 1106 или почетокот на 1107 г. царот Јован II Комнин на пат за Солун поминал низ градот Валависта (Βαλαβίστα), каде му се родиле синот Алексиј Комнин и ќерката Марија Комнина. Во 1246 г. во Вагависта (Βαγαβιστα) царот Јован III Дука Ватац примил делегација од мелнички првенци кои сакале да го предадат градот на Никејското Царство.Василъ Златарски. История на българската държава през среднитѣ векове. Том III. България при Асѣневци. стр. 434.
Во втората половина на XIV век градот станал дел од Серското Кнежевство на деспотот Јован Углеша со престолнина во Сер. Тврдината паднала во рацете на Османлиите на 20 септември 1383 г.
Во Отоманското Царство мини|400п|Валовишта на почетокот на XX век Во XVII век Валовишта бил центар на вилает. Во османлиските дефтери на немуслиманското население од 1616–1617 г. се вели дека маалото Чаршу на градот Тимур Хисар има 82 даночно обврзани домаќинства, а маалото Капу-и Сивроз има 193.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 227 Во средината на XVII век низ градот поминал патописецот Евлија Челебија, кој напишал дека Демирхисар е средиште на казата и има 1.600 еднокатни и двокатни куќи покриени со ќерамиди. Тврдината е непристапна камена градба, но напуштена. Сите жители живееле во долниот град.Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр.170 – 172.
Во XVIII и XIX век во Валовишта имало значително македонско население, наречено Мрваци. Областа е богата со руда како железо, лигнит, манган, бакар, доломит и мермер, па населението се живеел претежно од рударство и железарство, од каде потекнува името на градот Демир Хисар („Железна Тврдина“).
Една султанска заповед од 1751 г. го посочува Валовища како центар на ајдутството. На крајот од XVIII век ајанот на Валовишта водел независима политика и активно учествувал во крџалиските немири.
Грчкиот просветител Атанасиос Псалидас во својата „Географија“ (1818 - 1822) нашишал дека Демир Исар живеат Турци и Македонци.Нарекувајќи ги „Бугари“ по вообичаениот грчки негаторски пристап кон македонштината. Во XIX век на неколку наврати поклонички групи од градот го посетиле Рилскиот манастир. Во 1844–1845 г. тие подариле 1.115 гроша во манастирската ризница.Камбурова-Радкова, Румяна., Рилският манастир през Възраждането. София, 1972, стр. 95.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал:
Од втората половина на XIX во Валовишта работела бугарската пропаганда со бугарска општина и бугарско училиште. Во 1870-те во Валовишта меѓу Власите и Македонците патријаршисти се појавил огранок на Атинскиот силогос — Друштвото за распространување на грчка просвета. Македонските жители на градот зеле активно учество во Македонското востание и во револуционерната дејност на ВМОРО во четата на месниот војвода Илија Крчовалијата.
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Демир Хисар (Démir-Hissar) имало 640 домаќинства на 1.000 муслимани, 900 Македонци и 50 Власи.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за градот:
Според Густав Вајганд во Демир Хисар живеле околу 500 Власи со потекло од западните села на Пинд.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Демир Хисар (Валовишта) имал 5.840 жители, од кои 3.300 Турци, 1.200 Македонци, 450 Черкези, 420 Роми, 350 „Грци“ (т.е. погрчени Македонци) и 120 Власи. мини|250п|Црквата „Св. Благовештение“. Во учебната 1897/98 г. главен учител во бугарското училиште бил Константин Мавродиев. Со неговото доаѓање бугарската учебна дејност и пропаганда напреднала, а празникот на светителите Кирил и Методиј почнал да се празнува не само од учениците од „Долни Варош“, туку и од целиот град и селата.Тасев, Христо. „Борба за национална просвета в Мелнишкия край“. София, 1987, стр. 121. По Илинденското востание во 1904 г. 30 куќи од валовишта прешле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во градот имало 24 Македонци егзархисти, 864 патријаршисти, 245 „Грци“ (т.е. погрчени Македонци), 240 Власи и 162 Роми.
Од средината на XIX век градот постепено ја засенил Долна Џумаја, која дотогаш била традиционален економски центар во северниот дел на Серското Поле. На почетокот на XX век поголема популарност во македонската заедница добило официјалното турско име на градот Демир Хисар. Градот е наречен Серски Демир Хисар за да разликува од областа Демир Хисар, наречена Битолски Демир Хисар. лево|мини|250п|Бугарското училиште во Валовишта во 1908–1909 г. До почетокот на Првата балканска војна во 1912 г. во Валовишта работела прогимназија со интернат и едно основно училиште со 150 ученици. Во градот имало и мала бугарска црква. Со сопствени средства бугарската општина купила парцела јужно од градот за изградба на куќички за македонски преселници од селата. Во дворот на старото училиште во 1910 г. започнала изградба на трикатна прогимназиска зграда која до дпочетокот на војната била речиси готова. Средствата за изградбата биле обезбедени од прилози на жители на околните села.Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 310 – 311.
Валовишта било окупирано од четите на Јане Сандански и Александар Бујнов, и IV дружина на 50. Полк на VII Пешадиска рилска дивизија на генерал Георги Тодоров во 23 октомври 1912 г. Двадесет и четири жители на Валовишта (а 338 лица од целата каза) стапиле во Македонско-одринското ополченство, кое во 1915 г. прераснало во XI Пешадиска македонска дивизија. Пред повлекувањето на турската војска од градот биле убиени и изгорени 199 жители. Димитар Божиков бил назначен за заменик-кмет.
Во Грција мини|150п|Томас Папахаризану За вреем на Втората балканска војна на 25 јуни гркоманите од Валовишта под раководство на грчкиот владика Константин ги нападнале конвоите кои се повлекувале и бегалките колони на селаните од Серско тргнати на север за Бугарија. Нападнат е и санитарниот воз пристигнат од Сер. Во борба загинале 250 Македонци. Бугарската армија одговорила со оган, убивајќи 71 „Грк“, вклучувајќи ги владиката Константин и првенецот Томас Папахаризану. На 27 јуни 1913 г. Валовишта е заземено од грчката војска и голем дел од македонското население пребегало во Бугарија. На негово место се населени Грци преселници од Мелник. Таа година населението спаднало на 3.224 жители. Со Букурешкиот договор градот е припоен кон Грција.Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“. стр. 282 – 284.
мини|лево|250п|Македонски иселеници од Валовишта на ЖС Свиленград во 1925 г.
През Првата светска војна на 17 август 1916 г. Валовишта е окупирано од VII Пешадиска дивизија на Бугарската армија и влегло во Драмската военноинспекциска област. Во мај 1917 г. во Валовишта се откриени грчки шпионски организации и отпочнале судски процеси. Во јули по заповед од главниот штаб во Ќустендил 3.878 свештеници, учители и чиновници од Серско и Демирхисарско се иселени во Бугарија. Во 1920 г. населението се накачило на 4.337 жители. По Нејскиот мировен договор Валовишта повторно влегло во Грција, а по Грчко-турската војна и Лозанскиот договор муслиманите се иселени во Турција, и во 1922 г. во градот со доселени многу грчки колонисти од Понт и Источна Тракија. Меѓу 1913 и 1928 г. од Валовишката околија се иселени 10.756 Македонци, а доселени се 27.187 колонисти од Турција. Според пописот од 1928 г. градот бил мешан мештанско-дојденски со 6.439 жители, од кои 1.697 биле грчки дојденци (455 семејства). Меѓу двете светски војни најсилни биле културните здруженија на мелничките Грци — женските „Преродба“ (Αναγέννηση) и „Слога“ (Αρμονία) и машката „Контакт на добрата надеж на Мелник“ (Σύνδεσμος Ευελπίδων Μελενίκου).
По возобновата на дејноста на ВМРО во 1919 г. во Валовишко дејстуввала четата на Мито Илиев и Иван Паскалев од Петрово, која се обидела да го поддржи духот на останатите Македонци во Демирхисарско. На 6 август 1925 г. четата на ВМРО влегла во борба со грчка жандармерија во подрачјето на Валовишта.Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 – 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр. 174. Уследиле нови борби во јуни 1927 г., но грчките власти постепено успеала да го надвладее отпорот врз револуционерната организација. На пописот од 1940 г. градот имал 8.635 жители. мини|Берба на памук во Валовишко, 1941–1944 г.