Павел Шулц (роден на 11 ноември 2003 година, во Себокенг) — јужноафрикански фудбалер, напаѓач на АЕЛ Лимасол и на јужноафриканската репрезентација.

Клупска кариера Масеко е младински производ на Суперспорт Јунајтед, каде што ја започнал својата професионална кариера. Својот пробив го направил за време на 2022–2023, кога со добрите игри му помогнал на СуперСпорт да заврши третото место во Јужноафриканската прва лига. Ова наводно му донело понуди од клубови како Вестерло од Белгија.

Во јуни 2023, тој потпишал за Мамелоди Сандаунс, екипата рекордер со 13 титули во јужноафриканското првенство. Тој одиграл фундаментална улога во тимот што го освоил првото издание на Африканска фудбалска лига во 2023, посебно постигнувајќи го единствениот гол во двата полуфинални натпревари против . Тој бил избран за најдобар играч а бил и најдобар стрелец на натпреварувањето. Покрај тоа, Масеко освоил уште две титули во јужноафриканското првенство со Мамелоди Сандаунс (2023-2024 и 2024-2025).

Во јануари 2026, Масекоо бил позајмен на кипарскиот клуб АЕЛ Лимасол до крајот на сезоната 2025-2026. Своето деби за клубот го направил на 25 јануари 2026, во поразот со 2-1 на гостувањето кај , влегувајќи од клупата на местото на Лео Нател во 78-мата минута. Својот прв гол во дресот на АЕЛ го постигнал во победата со 1-2 на гостувањето кај Омонија, во четвртфиналето на Купот на Кипар, реализирајќи го победничкиот погодок во 115-тата минута од продолженијата. Својот прв гол во кипарското првенство го постигнал во победата со 2-0 над Енозис Паралимни.

Репрезентативна кариера Масеко е репрезентативец на Јужна Африка, правејќи го своето деби за репрезентацијата за време на КОСАФА купот 2022.

Во јануари 2024 година, тој бил избран во составот на Јужна Африка за Африканскиот куп на нации 2023, каде одиграл 5 натпревари и постигнал еден гол.

На 28 мај 2026 година, тој бил избран од селекторот Уго Брос да ја претставува својата нација на Светското првенство 2026. Тој го постигнал победничкиот гол и бил прогласен за играч на натпреварот во победата од 1–0 над Јужна Кореја во третиот натпревар од групната фаза, обезбедувајќи ѝ на неговата земја прв пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Мамелоди Сандаунс Примиершип Јужна Африка : 2 2023-2024, 2024-2025

Наводи

Надворешни врски

Тапело Масеко на soccerway Тапело Масеко на transfermakt Тапело Масеко на espn Тапело Масеко на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Јужноафрикански фудбалери Категорија:Родени во 2003 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026