Euphorbia glabriflora е вид растение од семејството млечки. Потекнува од Албанија, Грција и поранешна Југославија.

Опис Мало голо грмушесто растение, со задрвенет базален дел, 10-20 цм високо, со облик на полутопчеста грмушка образувана од густи цветни гранчиња.

Листовите се зелени, спирално распоредени, целокрајни или ситно назабени, линејно-копјести до елиптично долгнавести, 4-6 пати подолги отколку широки, на врвот тапи или заострени, во основата одеднаш стеснети, во куса дршка, со бели точки по површината на ламината.

Листовите во основата на штитот слични на стеблените, но малку пошироки, стеснети во многу куси дршки, долги колку зраците, понекогаш подолги. Во основата на штитчињата јајцевидни или обратно-јајцевидни, жолтеникави, тапи или заострени. Зраците 3-5, понекогаш само 1, неразгранети или еднаш дихотомно разгранети.

Обвивката на циатумот гола, тесно ѕвонеста, околу 3 мм долга, Жлездите широко-елиптични. Кутијката 4 мм долга, по површината со долги ресести израстоци, кои поцрвенуваат.

Семките цилиндрични, мазни, кафеави.

Распространетост во Македонија Растението е широко распространето и расте на варовнички и серпентински камењари и на лапор, до 1600 м. надморска височина.

Наводи

Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Албанија