Trifolium diffusumZohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem.Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al.Grossheim, A.A., 1952 Flora Kavkaza, Vol.5. Moscow,Leningrad. (Rus)Greuter,W. et al. (Eds.), 1989 Med-Checklist Vol.4 (published)Yakovlev G, Sytin A & Roskov Y, 1996 Legumes of Northern Eurasia. Royal Botanic Gardens, Kew.Bobrov, E.G., 1941 In:Flora URSS, Vol.11. Mosqua, Leningrad. (Rus)Roskov,Yu.R., 1990 Revis.of the g.Trifolium in fl.USSR.Cand.thes.Leningrad(Rus)Bobrov,E.G., 1987 In: Flora Partis Europaeae URSS Vol. 6. Leningrad. (Rus.)Coombe, D.E., 1968 In:Flora Europaea, Vol.2. Cambridge.Ehrhart,J.F., 1792 Beitr.Naturk.Vol.7 — едногодишен вид на детелина опишана од Јакоб Фридрих Ерхарт. Видот е застапен во Македонија и повремено во Шведска, но не се размножува таму.Dyntaxa Trifolium diffusum Во Каталогот на животот не се наведени подвидови.
Опис Растението е едногодишно, високо 20–50 см и повеќе или помалку разгрането по целата должина. Стеблото е исправено и покриено со густи, долги и раширени влакна. Базалните листови имаат дршки четири до пет пати подолги од листната плочка, кај горните листови дршките постепено се скратуваат, а кај најгорните се покуси од листната плочка. Листовите се долги 15–30 мм. Долните листови се обратнојајцевидни до широкоелиптични, а горните елиптични до долгнавесто-клиновидни. Горната страна е гола, додека долната страна по средната жила и по работ е покриена со долги раширени влакна. Врвот е тап, а работ ситно и неправилно назабен. Прилисниците се копјести, голи, белузлави, со испакнати црвени или зелени жили и долг, линеен слободен дел покриен со раширени влакна. Прилисниците на двата најгорни листа делумно го обвиваат соцветието, а нивните дршки се покриени со раширени влакна.
Соцветијата се топчести, со пречник од 15–20 мм, со многу кратка дршка или речиси приседнати. Цветовите се густи и без прицветници.
Чашката е трубесто-ѕвонеста. Нејзиниот трубест дел е долг 2–2,5 мм, со десет жили и покриен со долги влакна, а околу отворот има прстен од долги, густи влакна. Запците се двојно подолги од трубестиот дел, тенки, шиловидни и покриени со долги полураширени влакна. Во основата обично имаат една, поретко три, нејасно изразени жили. Венчето е пурпурно-црвено, најчесто покусо од чашката, а поретко малку подолго. Барјачето е благо искривено нагоре, крилцата се околу 1,5 мм покуси од него, а лаѓичката е малку покуса од крилцата. Плодот е мала мешунка сместена во чашката и обично содржи едно или две семиња.
Распространетост во Македонија Trifolium diffusum расте по брдски пасишта и ретки дабови шуми на надморска височина до 1000 метри. Растението се среќава на клисурата на реката Пчиња помеѓу селото Кожле и Бадерската Клисура, Таорската Клисура, клисурата на Мавровската Река, селото Раштани во Велес, Сивец во Прилеп, клисура Демир Капија, селото Сушица во Струмица, планината Беласица и во Кратово.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија