Рождество на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Калишкиот манастир во струшкото село Калишта, Македонија.

Местоположба

Црквата, како и манастирот, се наоѓаат јужно од селото Калишта.

Историја

Црквата е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XVIII век.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата е фрескописана во византиски стил.

Икони и иконостас

Во црквата се чува иконата „Црна Богородица“, која била пронајдена во помалата пештерна истоимена црква. Се смета дека има огромна исцелителска моќ.

Денес, тука се чува и иконата на Пресвета Богородица, пред која по молитвите на монасите и на сите верни се случуваат исцелителни чуда. Жените кои се неротки со вера во исцелителната моќ на иконата доаѓаат да се ноклонат пред неа, најмногу за празникот на манастирот - Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) на 21 септември. Според легендата за време на Втората светска војна на повеќе наврати иконата била фрлана во езерото со цел да се уништи, но секогаш повторно се враќала на брегот од езерото.

Карактеристична е резбата на иконостасот изработена од страна на тајфата на Наум Донев од Охрид.

Галерија

Поврзано Калишта

Наводи

Надворешни врски

Калишта Категорија:Калишки манастир