Живуша — археолошко наоѓалиште во кумановското село Облавце. Претставува населба од средниот век.

Местоположба

Се наоѓа во ниви што се наоѓаат на границата со селото Стрезовце, оддалечени 3 километри јужно од селото.

Опис

На наоѓалиштето биле пронајдени градежен камен, тули и ќерамиди карактеристични за средниот век.

Поврзано Облавце; и Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.

Наводи

Категорија:Облавце