Ел-Бекара (, „Крава“) е втората и најдолга сура (глава) во Куранот, со 286 ајети (стихови).

Преглед Сурата го добила името по расправата помеѓу пророкот Мојсеј и Израелитите во врска со една крава која требале да ја жртвуваат за да го дознаат убиецот на некој човек (Куран, 2:67-2:74). (Ова не е истиот случај кога Мојсеј го забранува култот кон крава-идол, за кого се зборува подоцна во главата)

Ова е Мединска сура; се смета дека најголемиот дел од неа бил откровен во првите две години од Хиџра. Некои делови (како да речеме оној каде се забрануваат камати на заеми) биле откровени подоцна, а последните три стиха биле откровени во Мека. Во сурата се зборува на најразлични теми, меѓу кои во голема мера и за правото, и ги раскажува приказните за Адам и Мојсеј и Аврам. Сурата служи како напатствие: ги повикува паганите и Евреите во Медина да станат Муслимани, а ги предупредува нив и лицемерите за судбината која Господ им ја досудува на сите што го запоставуваат.

Сурата Ел-Бекара содржи и стихови кои зборуваат за војувањето. Стиховите 2:190-2:194 се често цитирани во објаснувањето на исламската претстава за битка.

Арапски текст بِسْمِ اللّهِ الرَّحْمـَنِ الرَّحِيم Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосен!

2:1 المِِ Елиф, лам, мим!

2:2 ذَلِكَ الْكِتَابُ لاَ رَيْبَ فِيهِ هُدًى لِّلْمُتَّقِينَ Еве Книга во која нема сомнение, Патоказ за богобојазливите.

2:3 الَّذِينَ يُؤْمِنُونَ بِالْغَيْبِ وَيُقِيمُونَ الصَّلاةَ وَمِمَّا رَزَقْنَاهُمْ يُنفِقُون за оние кои веруваат во Тајната, и кои се исправаат намаз да извршат, и кои од дадената им Наша нафака делат,

2:4 والَّذِينَ يُؤْمِنُونَ بِمَا أُنزِلَ إِلَيْكَ وَمَا أُنزِلَ مِن قَبْلِكَ وَبِالآخِرَةِ هُمْ يُوقِنُونَ и кои веруваат во она што ти се објавува, и во она што пред тебе беше објавено, и во Ахирет и кои во сето тоа се уверени.

2:5 أُوْلَـئِكَ عَلَى هُدًى مِّن رَّبِّهِمْ وَأُوْلَـئِكَ هُمُ الْمُفْلِحُونَ Онаквите, бидејќи одат по Патоказот од Господарот нивни се спасени.

2:6 إِنَّ الَّذِينَ كَفَرُواْ سَوَاءٌ عَلَيْهِمْ أَأَنذَرْتَهُمْ أَمْ لَمْ تُنذِرْهُمْ لاَ يُؤْمِنُونَ Сеедно е, навистина, на оние што не веруваат ќе ги попменуваш или нема да ги опоменуваш: оние сепак нема да веруваат.

2:7 خَتَمَ اللّهُ عَلَى قُلُوبِهمْ وَعَلَى سَمْعِهِمْ وَعَلَى أَبْصَارِهِمْ غِشَاوَةٌ وَلَهُمْ عَذَابٌ عظِيمٌ Аллах ги запечати и срцата нивни и ушите нивни, а пред опулот нивни е завеса, и за нив има казна голема.

2:8 وَمِنَ النَّاسِ مَن يَقُولُ آمَنَّا بِاللّهِ وَبِالْيَوْمِ الآخِرِ وَمَا هُم بِمُؤْمِنِينَ Меѓу луѓето има и такви кои зборуваат: „И во Аллах и во Денот ахиретски веруваме“, - а тие, токму, не веруваат.

2:9 يُخَادِعُونَ اللّهَ وَالَّذِينَ آمَنُوا وَمَا يَخْدَعُونَ إِلاَّ أَنفُسَهُم وَمَا يَشْعُرُونَ На Аллах и на оние кои веруваат намераваат, секако, да ги измамат, но не усетуваат дека самите себеси се измамуваат.

2:10 فِي قُلُوبِهِم مَّرَضٌ فَزَادَهُمُ اللّهُ مَرَضاً وَلَهُم عَذَابٌ أَلِيمٌ بِمَا كَانُوا يَكْذِبُونَ Болештина има во срцата нивни: Аллах ја зголемува и, заради тоа што лажат, за нив има казна болна.

Наводи

Бекара Категорија:Давид Категорија:Џихад