Палау, официјално Република Палау (палауански: Beluu er a Belau), е островска држава во Тихиот Океан, на 800 километри (500 mi) оддалеченост источно од Филипините 3200 километри (2000 mi) на југ од Токио. Произлегувајќи од старателите на Обединетите Нации (администриран од САД) во 1994, таа е една од најмладите и најмалите држави во светот. Во 1989 Палау била рангирана и категоризирана од CEDAM International број 1 подводно чудо на светот од седумте подводни чуда. Понекогаш се нарекува и според своето изворно име Белау. Историја
Рана историја 150px|left|Корор за време на јапонското владеење во Втората светска војна. Првите доселеници Палуанци дошле од Австралија, Полинезија и Азија. Според генетската анализа на Палуанците, тие имаат две потекла австралиско-папуанско и азиско потекло.
Во Европа и Австралија Палау е подобро познат по името „Црни Острови“
Според археолошките истражувања Палау е државата со најстари откиени гробови во Океанија и според ова се дебатира дали Палау бил населен во 2500 или 1000 година п.н.е.
Колонијална ера Меѓу првите европјеци кои стапнале на палуанско тло се верува дека е шпанскиот морепловец Руј Лопес де Виљалобос, но сепак нема цврсти докази за тоа.
Палау имал слаба комуникација со околните острови, и претежно комуникацијата се одвивала со Јава и Јап. Во 1783 година на островите стапнал и англискиот капетан Хенри Вилсон.
Како и Маријанските Острови, Каролинските Острови и Маршалските Острови, Палау бил дел од Шпанските Источни Инди и бил раководен од Шпанските Филипини сè до шпанско-американската војна во 1898.
Во 1885 година Германија ги окупирала островите и после шпанско-американската војна, Шпанија ги продала островите на Германија во 1899 со германско-шпанскиот договор.
По купувањето на островите, Германија започнала економска трансформација на Микронезија. Гермнаците започнале со ископување на рудното богатство и останатите природни ресурси.
Независност Палау била интересна стратешка позиција на јапонските и американските воени сили. После Втората светска војна, ООН ги доделила островите на Палау под заштита на САД како дел од Федералните Држави на Микронезија, но Палуанците го одбиле тоа на гласање. Подоцна Палау гласал за осамостојување.
Географија и клима
thumb|150px|лево|Карта на Палау.
Најнаселени острови на Палау се Ангаур, Бабелдаоб, Корор и Пелелиу. Околу две-третини од населението на Палау живее на островот Корор. Карпестите Острови кои се наоѓаат јужно од останатите поголеми острови се ненаселени.
Палау има тропска клима со просчна температура од 27 °C. Дождови има преку целата година и најчесто има дождови од јули до октомври. Тајфуните се ретко присутни на островите.
Политички систем
Политиките на Палау се одвиваат во рамките на претседателска република, каде претседателот на Палау е на чело на државата и на владата. Извршната власт во Палау е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и Националниот конгрес на Палау. Судската власт во Палау е независна.
Палау е независна држава и поради тоа самата ги остварува и одржува надворешните односи. Од независноста, Палау има остварено повеќе дипломатски односи, меѓу кои се голем дел од океанските држави. Во ООН е примена на 15 декември 1994.
Административна поделба
thumb|Шестанесетте држави на Палау.
Палау е поделен на 16 држави кои до 1984 година се нарекувале општини.
Држава ПовршинаПопис од 2005 Аимелик 52 270 Аираи 44 2,723 Ангаур 8 320 Хатохобеј 3 44 Кајангел 3 188 Корор 18 12,676 Мелекеок 28 391 Нгарард 36 581 Нгарчелонг 10 488 Нгардмау 47 166 Нгаремленгуи 65 317 Нгатпанг 47 464 Нгчесар 41 254 Нгивал 26 223 Пелелиу 13 702 Сонсорол 4 100
Стопанство мини|Мостот Корор-Бабелдаоб
Економијата на Палау претежно се заснова на туризам, земјоделство и риболов. Туристите се најчесто заинтересирани за нуркање. Владата на Палау е главниот работодавач во земјата која пак се заснова на приходите од туризам и финансиска помош од САД. Населението има примања повисоки од околните држави.
Население, јазик и религија
Палау има население од околу 21.000 жители од кои 70% се Палуанци. Филипинците се најголемо малцинство во државата.
Три четвртини од населението се христијани, претежно католици и протестанти, додека останатиот дел се припадници на локални религии помешани со христијански елементи. Според пописот во 2005 година, 49.4% се католици, 21.3% се протестанти, 8.7% се модекнгеи и 5.3% се припадници на Црквата на адвентисти на седмиот ден.
Службени јазици на Палау се палуански јазик и англиски јазик, освен во две палуански држави, Сонсорол и Хатохобеи, каде локален јазик заедно со палуански е службен. тагалскиот не е службен јазик но е четврт најголем јазик на Палау.
Култура во Палау
Во Корор има неколку библиотеки, вклучувајќи ја и јавната библиотека со фонд од 17.000 книги. Националниот музеј е основан во 1973 година и се наоѓа во Корор.
Наводи
Поврзано Корор Мелекеок Палауански јазик Полинезија Океанија
Надворешни врски Официјално мрежно место на Република Палау Национален конгрес на Палау - Olbiil Era Kelulau, Сенат Најдобрите 10 хотели на Палау
* Категорија:Држави во Океанија Категорија:Републики Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Поранешни колонии на Германија Категорија:Островски земји Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година Категорија:Архипелази во Тихиот Океан