Битола — град во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената Општина Битола, административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од земјата. По својата местоположба Битола е најјужен, а според бројот на жители трет по големина град во Македонија (2021 г.). На север се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје (169 км), на североисток се наоѓа градот Прилеп (43 км), на југ се наоѓа градот Лерин (Грција) (33 км) и на северозапад се наоѓаат Ресен (29 км) и Демир Хисар (29 км). Градот е познат под името град на конзулите, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманското Царство, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Во периодот 1864 — 1912, Битола бил главен град на Битолскиот Вилает, еден од трите вилаети во регионот Македонија. И денес, голем дел од конзуларните претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. За време на Југославија бил еден од културните средишта, како во Кралството Југославија, така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот музеј. Битола е позната и како „градот под Пелистер“ поради неговата близина до Баба Планина.
Потекло на поимот
Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Според Адријан Рум, словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски ), овој израз до денес се употребува и во хрватскиот јазик (obitelj) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, како семејство односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град“.
Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското Поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди.
Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.
За време на отоманската власт, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. По Балканските војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола.
Историја
мини|десно|Мозаик од Хераклеја Линкестис Многу важни настани од македонската и балканската историја се случиле во Битола. Градот е граден, доградуван, рушен и повторно граден и надградуван уште од неговото прво населување во доцното бронзено доба. Потоа во хеленистичкиот период, па Римското Царство, сѐ до византиското време имал статус на град со висок степен на цивилизација.
Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што во еден период за време на Отоманското Царство, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на XIX век бил толку силен град, што неговото население непрестајно растело и го надминало бројот на населението на Белград. Градот бил преполн со фабрики и фотографски дуќани, а занимливо е и тоа што покрај Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Првата филмска камера Јанаки ја купува од Лондон, производство на компанијата „Charles Urban Trading”, и тоа 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Така, со таа фамозна „Камера 300" започнала кинематографијата на Балканот. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се одржуваат. Еден од нив се одржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.
Праисторија Градот Битола со околината е многу богат со споменици од праисторискиот период. Двата најзначајни се Велушка Тумба и Тумба Бара, коишто се наоѓаат покрај селото Породин. Од бакарното доба, тука се населува Тумба покрај селото Црнобуки, Шуплевац (покрај селото Суводол) и Висок Рид (покрај селото Букри).
Римски период Градот се наоѓа на римскиот пат Вија Егнација (Via Ignatia), каде што е и античкиот град Хераклеја Линкестис. Во периодот на II век п.н.е. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеја станува силен економско-политички центар (Septina Aurelia Heraclea) со свој постојан римски намесник и римска војска, што сведочи за Битола како центар на вечна моќ, цивилизација, култура и убавина којашто е тука и денес.
Османлиска власт мини|лево|Српски извештај од 5 август 1908, за новата состојба во Битола по воспоставувањето на младотурскиот режим: благосостојба, ред, мир, славење. мини|десно|Битола во XIX век мини|десно|Прослава во Битола за време на Младотурската револуција во 1908 година, по повод враќањето на Уставот од страна на султанот Абдул Хамид II
Почетокот на турските завојувања на Балканот најавиле и нова ера на живеење. Турските војски во текот на 1382-1383 година по многу тешки и крвави борби и по жестокиот отпор кој го пружило месното население конечно успеале да ја освојат Битола. Според некои легенди многу жесток отпор на турските освојувачи му пружиле и монасите од седумдесетте манастири и цркви кои во тој период постоеле во Битола. Хаџи Евронос беј кој се наоѓал на чело на турската војска револтиран од жестокиот отпор на кој наишол при освојувањето на градот наредил да се урне и битолската тврдина. Ашик-паша Зеде, кој го придружувал Евронос-бег во неговиот поход, во своите извештаи забележал дека турските војски неколкупати ја напаѓале Битола, а калуѓерите, давајќи голем отпор, на крајот на самиот брег на реката Драгор, сите до еден биле масакрирани. Меѓутоа, Турците потполно го зазеле градот дури по смртта на Крали Марко во 1395 година, а при тоа заземање во Битола прв влегов Тимурташ-паша со неговата војска.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр. 9
Од овој период всушност започнува и „ориенталното” вообликување на градот што било резултат токму на изградбата на ваквиот тип објекти, но и на ориенталните градителски техники и стилови. Во периодот на XVI - XVII век, период на историски но и културни промени, од страна на турската администрација градот Битола започнува да биде именуван како Манастир или Толи Манастир. Сепак во целиот период на своето постоење името Битола никогаш не било заборавено, туку напротив од страна на христијанското население тоа било во секојдневна употреба.
Во средината на XVII век станал и важен културен центар на европска Турција. Таа е седиште на Битолска нахија во која имало 150 населени места. Градот бил прочуен по неговите многубројни пазари, од кои најмногу бил прочуен пазарот за памук. Познатиот патописец Евлија Челебија, Битола ја посетил во 1662 година и забележал: „градот има околу 3000 мали и големи куќи на приземје и кат, групирани во 21 маало, чаршија со 900 занаетчиски и трговски дуќани, 40 кафе-чајџилници и гостилници, монументален безистен со железни порти и со 86 дуќани. Во градот имало 70 муслимански храмови, девет медреси, неколку христијански цркви и фтуги јавни згради“. Самиот град, гледан од далеку, изгледал како да е потонат во зеленило. Во овој период Битола претставува еден од најважните верско-муслимански центри, со висока верска правна школа, којашто егзистирала низ целиот XVII век. Во истиот век. градот прераснал во значаен административен, стопански и културен центар. Кога во 1689 година Скопје бил запален (поради колерата), повеќето важни функции од него ги презела Битола. Таа развивала трговија, главно со европските центри, Виена, Париз, Лондон итн.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр. 9-10
Најзначаен перидо од историскиот и стопанскиот развој на Битола е XIX век, кога во Битола е преместено седиштето на Румелискиот Вилает, и како таков, е рангиран за прв град во европскиот дел на Турција. Според еден документ од овој период, се кажува дека во Битола имало 1.380 дуќани, од кои најголем број биле занаетчиски.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани,2004,стр. 10
Во 1805 година во Битола живееле околу 15.000 жители. Од стопанските гранки виден напредок доживеало занаетчиството. Во средината на XIX век бројот на занаетчиските дуќани достигнал над 2.000 со околу 140 видови занаети, организирани во 70 еснафски организации. Виден придонес во развојот на Битола дале и дипломатските претставништва, конзулати на повеќе странски држави. Тоа довело Битола да стане „град на конзули” но и арена на странски пропаганди.Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје
Почнувајќи од 1843 година Третата (Румелиската) армија скоро половина век ќе има седиште во Битола. Покривала територија од Босна до Грција, од Јадранско Море до Одринскиот Пашалак. Располагала со сите родови војска од тоа време и броела од 15.000 до 20.000 војници, а некогаш и повеќе. За нејзини потреби биле изградени Црвената и Белата касарна, Воената гимназија и болница.
Со пуштањето на железничката линија Солун-Битола (1894), Битола го изгубила посебното значење за војската и седиштето на Третата армија било преместено во Солун.
Во Битола во крајот на XIX и почетокот на XX век имало околу 3000 клавири за што градот го викале и „Градот на Клавирите“. Поради некои поранешни сфаќања клавирот симболизирал богатство, класна поделеност и во 50-тите години на XX век со процесот на национализација на многу од семејствата клавирите им биле одземени.https://www.babambitola.mk/%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-15/
Во учебната 1899/1900 година во Битолската машка гимназија, како учител се вработил еден од основачите на ВМРО, Даме Груев, кој бил задолжен да изведува настава по предметите географија, аритметика, геометрија и цртање.