Лаура Бјаџоти (итал. Laura Biagiotti, родена во 1943 година во Рим, Италија, почина 26 мај 2017 година) е италијански моден творец.
Животопис Лаура Бјаџоти студирала книжевност во Рим, а имала желба да стане археолог. Во светот на модата влегла така што почнала да ѝ помага на својата мајка која работела како кројачка, а својата прва колекција ја претставила во 1972 година.
Извесно време живеела во Пекинг, а била и првиот италијански моден творец кој ја претставил својата колекција во Кина, на 25 април 1988 година.
Лаура Бјаџоти е претседател на Комитетот Леонардо, здружение кое ја доделува годишната награда на италијанските дизајнери за нивните придонеси во подобрување на сликата на Италија во светот.
Награди
На венецијанскиот филмски фестивал во 1985 година ја добила специјалната награда Златен лав за мода. Во 1992 година во Њујорк ја примила наградата за Жена на годината. Една година подоцна во Пекинг ѝ е доделена наградата Марко Поло. Во 1995 год. добила признание за својата работа од страна на тогашниот италијански претседател Оскар Лујџи Скалфаро. Во 2002 година, во част на 30 години од кариерата, италијанската Пошта издала марка посветена на Лаура Бјаџоти во вредност од 0,41 евра. Во април 2004 година изабрана е за моден советник во националната Комора за мода. Во 2007 година во Венеција ѝ е деделена наградата Златен лав за мода, во рамките на филмскиот фестивал во Венеција.
Историски модни ревии
25 април 1988 год.: во Пекинг 30 манекенки ги носат најзначајните творби на Лаура Бјаџоти. 5 февруари 1995 год.: Лаура Бјаџоти е првиот италијански моден творец кој ја претставил својата колекција во Москва. 1997: На покана од Сузан Мубарак, сопруга на египетскиот претседател, италијанскиот творец ја претставува својата колекција во Каиро, во корист на локалниот Црвен крст.
Надворешни врски
Официјално мрежно место (италијански) (англиски) Презентација на Комитетот Леонардо (англиски) (италијански)
Категорија:Мода Категорија:Модни творци Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Починати во 2017 година